Ние тоа вака го правиме: Банкарска обука за аспирантките за ЕУ

02/02/2010

Околу 150 финансиски супервизори од Турција и седум држави од Западен Балкан кои се надеваат дека ќе пристапат во ЕУ, ќе учествуваат во програмата за обука.

(ЕурАктив - 20/01/10; AФП, ДПА, Блумберг, Еурополитикс, Европска централна банка - 19/01/10)

photo

Националните централни банки од 14 држави на еврозоната, исто така, ќе учествуваат во програмата. [Getty Images]

Првите од неколку обуки на Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК) за банкарските и доверителските власти во државите што бараат членство во блокот, започна во вторникот (2-ри февруари) и ќе траат до четврток.

„Стабилноста на банкарските системи во засегнатите држави е од најголемо значење за постигнувањето одржлив економски раст“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, кој станува комесар на ЕУ за економски прашања овој месец.

Двегодишниот проект претставува интензивна регионална програма за обука за 150 најважни супервизорри од кандидатките на ЕУ Хрватска, Македонија и Турција и потенцијалните кандидатки -- Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

„Целта на програмата ќе биде зајакнување на макро и микро прудентната супервизија во Западен Балкан и во Турција“, објасни ЕЦБ.

ЕУ ќе обезбеди 2,65 милиони евра за двогодишниот проект. Националните централни банки (НЦБ) на 14 држави во еврозоната, исто така, ќе учествуваат. ЕЦБ планира да побара вклучување на одреден број европски и меѓународни институции, вклучително и Базелската комисија за банкарска супервизија, Европскиот парламент, Институтот за финансиска стабилност, ММФ, Здружениот виенски институт и Светската банка.

Поврзани написи

Loading

Исто така, предвидени се три работилници за лицата што носат одлуки од државите на Западен Балкан и Турција, кои треба да се одржат оваа година. Првата -- тридневен настан -- беше отворена на 27-ми јануари.

„До крајот на годинава и по регионалната програма за обука, ЕЦБ ќе го поддржи спроведувањето на конкретните национални мерки“, вели банката со седиште во Франкфурт во својата изјава.

Овие мерки, вели ЕЦБ, ќе бидат дефинирани во договор со 14 национални централни банки кои се веќе во еврозоната, заедно со меѓународни финансиски институции и учесници на семинари за обука.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ Лоренцо Смаги рече дека новата програма ќе им помогне на институциите за макро и микро прудентна супервизија во државите-аспирантки за ЕУ да бидат свесни за актуелниот одговор на ЕУ на светската рецесија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар