02/02/2010
Осумдесетгодишниот Каролос Папуљас од ПАСОК, најверојатно, ќе биде реизбран.
Од ХК Цанис за Southeast European Times во Атина -- 02/02/10
![]() Грчкиот претседател Каролос Папуљас. [AФП] |
Додека грчкиот парламент се подготвува за изборот на претседателот на државата в среда (3-ти февруари), шансите се големи 80-годишниот социјалист Каролос Папуљас да добие уште еден петгодишен мандат. Тој нема противкандидат.
Ако биде избран, тој ќе го добие 7-миот претседателски мандат по обновувањето на демократијата во 1974 година.
Функцијата претседател во Грција е претежно церемонијална, но сепак перидот до закажаните претседателски избори обично носи широки шпекулации и политички „маневри“, во врска со изгледите за одржување предвремени избори. Ако парламентот не избере претседател, доаѓа до распуштање на собранието.
Според уставот, кандидатот треба да добие двотретинско мнозинство -- или 200 -- гласови во еднодомниот парламент за да стане претседател. Ако не се добие мнозинство, се одржува втор круг, кој бара ист број гласови. Третиот и последен круг, пет дена подоцна, бара 180 гласови за избор на претседател.
Ако и тоа не успее, парламентот се распушта и се одржуваат превремени избори. Новото собрание мора тогаш да избере претседател.
Пред да се врати на власт во октомври 2008 година, социјалистичката партија ПАСОК вети дека ќе поттикне предвремени избори на почетокот од 2010 година со отфрлање на кој било потенцијален кандидат, вклучително и Папуљас.
Во тоа време, конзервативната партија Нова демократија (НД) имаше минимално мнозинство во парламентот и немаше доволно гласови за да избере нов претседател.
Новиот мандат на ПАСОК, заедно со слабиот резултат на НД на октомвриските избори, плус кризата со дефицитот што ја мачи Грција, оневозможија какви било предвремени избори.
„Претставува вистинско задоволство и чест за нас да дојдеме тука кај вас денес со предлог кој претставува чест за сите нас, за ваш избор за претседател“, му рече премиерот Јоргос Папандреу на Папуљас минатата недела, за време на куртоазната посета.
Во петокот, водачот на најголемата опозициска партија и претседател на НД Антонис Самарас ја објави поддршката на својата партија на Папуљас, кој се смета за здрав и енергичен на своите 80 години.
160-те кандидати на ПАСОК, заедно со 91 пратеник на НД и 15 претеници од десничарско-центристичката партија Народен православен собир се очекува да го поддржат.
Дваесет и еден пратеник на екстремната Комунистичка партија и Радикалната левичарска коалиција се очекува да гласаат како „присутни“.
Папуљас беше министер за надворешни работи во последователните влади на ПАСОК, период кој се помни по нормализацијата на односите меѓу Грција и Албанија на крајот од 1980-тите. Во 1995 година владејачката партија, исто така, преговараше за „привремен договор“ меѓу Атина и Скопје.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's