24/12/2009
Анкетите покажуваат дека Иво Јосиповиќ од СДП е во водство, но исходот од хрватските претседателски избори останува неизвесен.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 24/12/09
![]() Плакати на претседателските кандидати во Сплит, Хрватска. [Getty Images] |
Хрватска е подготвена да го избере својот трет претседател откако земјата прогласи независност.
Првиот изборен круг е закажан за в недела, 27-ми декември. Ако ниту еден кандидат не освои мнозинство, вториот круг гласање ќе се одржи на 10-ти јануари.
Вкупно 12 кандидати се борат за позицијата.
Крешимир Мацан, истакнат политички аналитичар, ја опиша досегашната кампања како „најздодевна кампања досега, без каква било оригиналност или политичка имагинација“, без вжештена дебата и со повторување на темите од интерес за одделните кандидати.
Сепак, клучното прашање на кампањата е економската криза.
Според последните анкети, Иво Јосиповиќ од Социјалдемократската партија (СДП) лесно ќе влезе во вториот круг со преку 28 отсто од гласовите.
„Граѓаните ќе можат да изберат помеѓу чесноста и корупцијата, помеѓу светлината и темнината, и моите контакти со народот покажаа дека граѓаните сакаат правична Хрватска и подобар живот“, загребскиот весник Вечерњи го цитираше Јосиповиќ. Тој ја наслови кампањата како „Праведна“, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата на сите нивоа. Две жени се кандидати се претседател: Весна Пусиќ од Хрватската народна партија и независната кандидатка Весна Шкаре Озболт, но анкетите покажуваат дека ниту една од нив нема шанси за победа.
„Јасно ставивме до знаење дека кампањата може да се спроведе со компетентност и знаење, а не само со слогани“, рече Пусиќ.
Претпријатието за истражување „Промоција плус“ вели дека загребскиот градоначалник Милан Бандиќ, кој се кандидира како независен кандидат, ќе добие околу 18 отсто од гласовите, а со тесна разлика ќе го следи поранешниот министер за економија и, исто така, независен кандидат Надан Видошевиќ.
Драган Приморац, поранешен министер за образование, ќе привлече околу 8 отсто од гласовите, по што ќе следи кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница Андреја Хебранг, поранешен министер за здравство, со 7,2 отсто од гласовите.
Претседателската трка може да ја решат 260.000 Хрвати од Босна и Херцеговина во земјата, кои ќе гласаат во 124 избирачки места.
Претседателот на Хрватска игра улога во надворешната политика, истиот е главен воен командант и ја предводи националната разузнавачка служба. Актуелниот претседател Стипе Месиќ беше претседател два мандати едноподруго и не може повторно да се кандидира.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's