Српската фабрика за автомобили „Застава“ стана дел од „Фиат груп“

24/12/2009

Годината завршува добро за една српска фабрика.

(Блиц - 24/12/09; AКИ, АП, ДПА, ББС - 23/12/09)

photo

Работник во „Застава“, на производствена линија во фабриката во Крагујевац. [Getty Images]

„Фиат“ и српската влада во средата (23-ти декември) потпишаа анекс на нивниот договор за заедничко претпријатие од 2008 година, кој ќе му овозможи на италијанскиот производител на автомобили да ја преземе фабриката за автомобили „Застава“ на оваа балканска држава. Документот беше потпишан во Белград од страна на заменик-претседателот на „Фиат груп“ Алфредо Алтавила, генералниот директот на „Фиат аутомобили Србија“ Џовани Де Филипис и српскиот вицепремиер Млаѓан Динкиќ.

„Ова е голем ден за српската индустрија“, рече Динкиќ. Според договорот од средата, „Фиат“ ќе купи мнозински дел од акциите од 67 отсто во овој производител на автомобили, откако ќе отплати половина од неговиот удел од 200 милиони евра во основачкиот капитал на заедничкото претпријатие, како што предвидува договорот од септември 2008 година.

Алтавила објави дека парите ќе бидат префрлени до крајот на оваа година. Втората рата од 100 милиони евра ќе биде платена во 2010 година, кога „Фиат“ ќе инвестира, исто така, 700 милиони евра за модернизација на фабриката за автомобили која се наоѓа во Крагујевац, четврт по големина град во Србија, околу 140 километри јужно од Белград.

Српската влада ќе задржи 33 отсто од „Застава“, ќе обезбеди имот и опрема за задничкото претпријатие и ќе учествува со 50 милиони евра во неговиот основачки капитал.

Годишното производство на фабриката се очекува да достигне 200.000 автомобили до 2011 година. Според договор од средата, истата година фабриката, која веќе произведува „фиат пунто“, ќе отпочне производство на два нови модели, кои ќе бидат продавани на американскиот и европскиот пазар.

Динкиќ рече дека очекува приходите од извозот да изнесуваат околу 2 милијарди евра годишно. Според него, новото претпријатие ќе вработи околу 2.500 работници.

Застава, која е најпозната по својот модел „југо“, произведе 16.000 „фиат пунта“ за домашниот пазар оваа година.

На прес-конференцијата по потпишувањето во средата, Алтавила го пофали српскиот претседател Борис Тадиќ за неговата лична улога во потпишувањето на договорот.

Поврзани написи

Loading

„Тадиќ ни даде поддршка и јас сум му навистина благодарен“, рече тој, заблагодарувајќи ѝ се и на целата српска влада, и особено Динкиќ, за нивната соработка и ангажман.

Во септември минатата година српските власти го поздравија договорот со најголемиот производител на автомобили во Италија како најголема странска инвестиција во последниве години.

Но, спроведувањето на проектот беше забавено поради светските финансиски превирања.

„Ова значи дека економската криза завршува во Србија“, рече Динкиќ пред потпишувањето на анексот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар