Хрватска еден чекор поблизу до влезот во ЕУ

22/12/2009

Хрватска е во „финална и решавачка фаза“ на своите разговори за членство со ЕУ, рече шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, по состанокот во понеделникот.

(Ројтерс, ДПА, АФП, Јуропиан војс, Еурополитикс, ЕУ - 21/12/09; Кроејшн тајмс - 18/12/09)

photo

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт. [Getty Images]

Хрватска направи чекор напред кон ЕУ во понеделникот (21-ви декември), затворајќи уште две поглавја од своите преговори за членство со Унијата.

Условното затворање на разговорите за областите на политиката, или поглавјата, за правото на воспоставување и слобода на услугите и за социјалната политика и вработувањето, беше официјално потврдено за време на министерската меѓувладина конференција за пристапување во Брисел.

На почетокот од преговорите за поглавјето на услугите пред повеќе од две години, на Хрватска ѝ беше кажано да преземе одредени мерки.

Мерките што Хрватска требаше да ги преземе за да ги комплетираат разговорите за социјалната политика и вработувањето, вклучуваа хармонизација на нејзиниот закон за работни односи и легислативата која се однесува на здравството и безбедноста на работно место со акито. Земјата, исто така, мораше да ја усогласи легислативата во областите против дискриминацијата и еднаквите можности со правото на ЕУ.

Според изјавата на ЕУ, со оглед на информациите што ги обезбеди Хрватска и значителниот напредок постигнат во подготовките за сите релевантни области, Унијата не гледа потреба за понатамошни преговори за овие две поглавја.

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, чија земја ќе ѝ го предаде ротирачкото претседателство со ЕУ на Шпанија на 1-ви јануари, ја предводеше делегацијата што го претставуваше блокот од 27 нации на разговорите со хрватскиот тим, предводен од министерот за надворешни работи, Гордан Јандроковиќ.

Загреб се надева дека ќе ги комплетира преговорите за сите 35 поглавја од политиката за време на шпанското претседавање со ЕУ, кое ќе заврши на 30-ти јуни следната година, а потоа ќе се приклучи на блокот како нејзина 28-ма членка до 2012 година. Земјата досега отвори разговори за 28 од поглавјата. Бројот на условно затворените поглавја достигна 17 во понеделникот.

Разговорите за три други поглавја од политиката -- енергија, финансиски услуги и потрошувачка и здравствена заштита, завршија за време на меѓувладината конференција за пристапување на пониско ниво минатиот месец. Нивното условно затворање беше, исто така, официјално потврдено за време на министерскиот состанок во понеделникот.

Поврзани написи

Loading

„Преговорите за пристапување на Хрватска се во финалната и решавачка фаза“, рече Јандроковиќ на прес-конференцијата по разговорите во понеделникот. „Ние сме сигурни дека можеме да ги доведеме преговорите до успешен крај во средината на 2010 година.“

Хрватските разговори за пристапување со Брисел со месеци беа замрзнати за одреден број области од политиката, поради нејзиниот пограничен спор со соседна Словенија. Договорот што двете земји го постигнаа околу ова прашање на почетокот од ноември, го деблокираше процесот на пристапување. Но, во понеделникот, Словенија не го одобри отворањето на три нови поглавја -- рибарството, животната средина и надворешната и безбедносна политика -- во разговорите на Загреб.

Билт рече дека Словенија не ја разјаснила својата резервираност, но изрази надеж дека проблемот ќе биде решен „прилично брзо“. Тој, исто така, ја увери Словенија дека процесот на пристапување се движи во вистинската насока.

„Ние сме во финалната и решавачка фаза од преговорите“, рече Билт.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар