Во Србија на сила влегоа построги сообраќајни прописи

21/12/2009

Минатата година скоро 900 лица загинаа во сообраќајни несреќи, што доведе до воведување нови безбедносни процедури.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград – 21/12/09

photo

Србија воведе нов закон за сообраќајот. [Никола Барбутов/SETimes]

Новиот закон за безбедност во сообраќајот предвидува построги правила за возачите и пешаците, кои стапија на сила на 10-ти декември во Србија.

Според законот, за сообраќајни прекршоци ќе се добиваат казнени поени. На возачот кој ќе добие 18 казнени поени, ќе му биде одземена возачката дозвола.

Патиштата ќе бидат следени со помош на новата опрема за видео-набљудување, а користењето мобилни телефони за време на возењето, е забрането. Забраната за мобилни телефони, исто така, важи и за пешачите кои преминуваат улица.

Ограничувањето за алкохол во крвта е намалено од 0,5 отсто на 0,3 отсто, а нивото од 2 отсто и повисоко ќе резултира со апсење и можна затворска казна.

Ограничувањето на брзината е, исто така, намалено, од 60 на 50 километри на час, а закон за задолжително носење шлем е воведен за велосипедистите и мотоциклистите.

Возачите помлади од 18 години ќе добиваат дозвола за кандидати за возачи, која бара да имаат патник со најмалку пет години возачко искуство во автомобилот со нив во секој момент. Возачите кои имаат вакви дозволи не смеат да бидат на патиштата меѓу 11 часот навечер и 5 часот наутро.

Според полициските извештаи, 756 лица загинале во сообраќајни несреќи во првите 11 месеци од оваа година. Најчесто случаите се предизвикани од прекумерна брзина, возење под дејство и возење на црвено светло. Минатата година бројот на лицата кои загинале во патни несреќи изнесуваше 897.

„Самиот закон нема да го намали бројот на несреќи и жртви, но неговото спроведување ќе го намали. Тоа спроведување не смее да биде селективно, туку мора да се однесува на секој член од законот“, рече претседателот на Комисијата за безбедност во сообраќајот Дамир Окановиќ за SETimes.

„Построгите казни се важни, но обуката за возачите е уште поважна, за да можат да ја разберат важноста на следните сообраќајни правила. На пример, зошто брзината на движење во населените места е 50 километри на час и колку е тоа важно за нивната безбедност“, додаде тој.

Поврзани написи

Loading

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, ги предупреди своите пријатели и семејство да не му се јавуваат ако направат сообраќаен прекршок, бидејќи нема да добијат специјални привилегии.

Возачите имаат околу три недели грејс период да се приспособат на новите регулативи. Полицијата ќе издава предупредувања и ќе ги информира возачите за новите одредби до 1-ви јануари, по што прекршителите ќе бидат казнувани.

Полицијата нема да може да наплаќа казни на лице место, туку ќе издава наредби за плаќање. Казните ќе се движат од околу 30 до 500 евра и ќе бидат двојно зголемени ако е присутно дете помало од 12 години.

Според проценките на Светската банка, Србија троши околу 2,3 отсто од својот БДП на патните несреќи. Новиот закон е моделиран по примерот на германскиот, кој ги намали нејзините сообраќајни несреќи и прекршоци на половина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар