Трнливиот пат на Бугарија

18/12/2009

Иако политичка и економска криза ја мачи земјата уште од падот на комунизмот во 1989 година, малкумина би го вратиле назад часовникот.

Од Галиа Иванова за Southeast European Times во Софија -- 18/12/09

photo

Продемократски митинг во Софија во ноември 1989 година. [Getty Images]

Комунизмот веќе беше паднат во Полска и Унгарија, а продемократските протести добиваа на сила во Чешка, кога Берлинскиот ѕид падна на 9-ти ноември 1989 година. Еден ден подоцна, Тодор Живков, водач на Бугарската комунистичка партија (БКП), и најдолготраен авторитарен владетел во која било од земјите од советскиот блок, беше соборен со внатрешен државен удар организиран од членовите на неговата партија.

Главните фигури зад заговорот против 78-годишниот диктатор -- неговиот министер за надворешни работи, Петар Младенов, и министерот за надворешна трговија Андреј Луканов, реформистички технократ -- потоа ги зазедоа главните позиции во земјата.

За време на неговото 33-годишно владеење, Живков ја претвори Бугарија во најпослушен сојузник на поранешниот Советски Сојуз. Соборувањето на водачот на БКП го отвори патот за демократски промени и го одбележа почетокот на транзицијата на земјата во пазарна економија.

Набргу по отстранувањето на Живков земјата беше погодена од недостаток на храна, со влошувањето на економијата. Бугарите мораа да чекаат во редови пред продавниците и по неколку часа пред изгрејсонце само да купат млеко, јогурт, месо или други основни производи за своите семејства.

„Воопшто не ми недостасуваат комунистичките времиња и сите ограничувања на личните слободи. Сега се чувствувам слободен бидејќи можам отворено да го искажам својот став без да се плашам“, изјави за SETimes педесетиосумгодишен жител на Софија.

Сепак, има и некоја избалансираност. „Лесно е да се води бизнис сега“, вели еден 57-годишен архитект од Софија. „Но, сите социјални придобивки што ги уживавме во минатото, поминаа.“

На крајот од 1996 година владата не успеа да обезбеди нов кредитен договор со ММФ и кредитниот рејтинг на земјата падна.

Повеќе од половина бугарски комерцијални банки банкротираа. Стотици илјади луѓе ги загубија своите заштеди. Земјата беше погодена од незапирлива хиперинфлација.

Економската и финансиската криза предизвикаа масовни антивладини протести предводени од Сојузот на демократските сили (УДФ), и генерален штрајк на почетокот на 1997 година. На изборите во мај 1997 година победи УДФ, а Иван Костов, водач на партијата која произлезе од поранешната коалиција, беше назначен за премиер.

Поврзани написи

Loading

На Костов му се припишуваат заслугите за враќањето на финансиската стабилност, спроведувањето на долгоодложуваните економски реформи и приватизацијата на стотици државни претпријатија, како и брзиот напредок на Бугарија кон ЕУ и НАТО.

Сепак, повеќе од милион луѓе ја напуштија Бугарија во изминативе две децении.

„Сé во Бугарија официјално изгледа добро: слободниот пазар, човековите права, слободниот говор, мултипартискиот политички систем, членството во ЕУ и НАТО“, Њујорк тајмс го цитираше Едвин Сугарев, поет и поранешен висок член на УДФ. „Но, тоа е само фасада.“

„Луѓето ја добија својата слобода, но не знаат што да прават со неа“, додаде тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар