09/12/2009
Спомените на значителниот економски развој и слободата за патување ги прават многу граѓани на Босна и Херцеговина носталгични за југословенскиот бренд на социјализамот.
Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево -- 09/12/09
![]() Многумина во БиХ веруваат дека живееле подобро во 1980-тите, под југословенскиот социјалистички систем, но ги признаваат и ограничувањата на системот. [Getty images] |
Уништени од конфликтот во периодот 1992-1995 година и во услови кога економијата ја попречуваат националистичките и корумпирани политичари, повеќето граѓани на Босна и Херцеговина (БиХ) се носталгични за својот живот пред падот на Берлинскиот ѕид.
„Некои велат дека социјалистичка Југославија падна со Берлинскиот ѕид“, изјави сараевскиот професор по право Здравко Гребо за SETimes.
Тој објаснува дека политичките реформи во 1965 година довеле до воведување еден вид пазарна економија, што, од друга страна, доведе до отворање на границите и слободно патување на Југословените. Таа состојба го намали внатрешниот притисок и тензиите. Покрај тоа, Југословените уживаа силна мрежа на социјално осигурување, вработување и бесплатно квалитетно образование и здравствена грижа.
„Југославија беше поразлична од другите комунистички земји во Европа. Но, со падот на Берлинскиот ѕид, таа позитивна разлика едноставно исчезна“, констатира Гребо.
Иако тоа рушење ја промени Европа, истото не беше баш голема вест во БиХ во тоа време. Сепак, додава Гребо, „набргу по падот на Железната завеса, почнаа да се подигнаат нови бариери. Сараево беше под опсада повеќе од три години. [Денес] граѓаните на БиХ сé уште се соочуваат со визен режим во Европа“.
Тој вели дека е тешко да се каже дали повеќе слободи и права има денес, отколку во времето на социјалистичка Југославија. „Немаше слобода на печатот и изразувањето во Југославија. Сега имаме повеќепартиски политички систем, независно судство и медиуми, но социјалните, економските, културните и образовните права беа многу подобро загарантирани за мнозинството наши граѓани во минатото. Сегашната состојба на човековите права е катастрофална.“
Пензионирот Здравко Прленда (66) ги опишува изминатите 20 години како „социјализам со човечки лик“. Тој вели дека државата му обезбедила стан кога бил многу млад и животот бил многу посигурен.
Иако не бил никогаш член на комунистичката партија, „фактот што мораше да се биде комунист за да си „морално и политички подобен“ за унапредување отсекогаш ме лутеше“, рече Прленда.
За разлика од тоа, вели тој „во денешна БиХ има далеку повеќе криминал, корупција и невработеност. Нема насмевки на лицата на луѓето како во минатото“.
Новинарот Хајдар Арифагиќ (62) вели дека очекувањата од падот на комунизмот дефинитивно не се исполнети во БиХ. Тој верува дека Југославија ќе беше првата источноевропска земја што влегла во ЕУ и НАТО ако останеше обединета.
„Немаме слобода на движењето за да патување во странство, немаме мирна држава и економија во развој, немаме [цврста] политика; ниту, пак, слобода, еднаквост, братство. Секој идеал на Француската револуција падна во БиХ, макар што не видов тие да се [остварат] и на светско ниво“, вели Арифагиќ.
„Ако Берлинскиот ѕид беше линија на домино коцки кои паѓаат, тогаш чувствувам дека БиХ беше последната домино коцка ... Целиот притисок на процесот падна на таа коцка“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's