Српскиот парламент го ратификуваше статутот на Војводина

01/12/2009

И покрај противењето, парламентот го ратификуваше статутот на северната српска покраина Војводина.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 01/12/09

photo

Војводина. [Архива]

Повеќе од една година по усвојувањето од страна на владата, парламентот го усвои статутот на Војводина во понеделникот (30-ти ноември). Одложувањето на ратификацијата беше резултат на противењата како од членовите на владејачката коалиција, така и од опозицијата, кои сметаат дека статутот го крши уставот и ѝ дава премногу власт на северната српска покраина.

Од вкупно 163 членови на парламентот кои беа присутни за време на гласањето, 138 гласаа за законот, според српската државна новинска агенција Танјуг.

Главните приговори на опозицијата се однесуваа на тоа што статутот го прогласува најголемиот град во Војводина -- Нови Сад за главен град, и што ѝ се дозволува на покраината да отвори канцеларии со свои претставници во странство, да склучува договори со други земји и да формира сопствена Академија на науките и уметностите.

По усвојувањето на амандманите на социјалистите минатиот месец, Војводина се дефинира со статутот како автономна покраина и неодвоив дел од Србија. Измените, исто така, предвидуваат дека Војводина може да отвора претставнички канцеларии во европските региони и во Брисел, со согласност на српската влада, и Нови Сад повеќе не се дефинира како главен град, туку како главен административен центар.

И покрај измените, опозицијата е и понатаму незадоволна. Поранешниот премиер Воислав Коштуница од Демократската партија на Србија вели дека фактот што статутот ќе содржи одредба за референдум во врска со територијата на Војводина е опасен за интегритетот на Србија. Партијата планира да побара мислење на Уставниот суд во врска со ова прашање.

Поврзани написи

Loading

Другите власти ја отфрлија ваквата загриженост.

Претседателот на собранието на Војводина Сандор Егереси вели дека владејачката коалиција покажала политичка зрелост со усвојувањето на статутот, додавајќи дека тоа е само почеток на децентрализацијата и регионализацијата на Србија.

Шефот на Војводинската администрација и заменик-претседател на Демократската партија Бојан Пајтиќ ги отфрли обвинувањата дека новиот статут е сепаратистички. „Војводина сега ќе има поголема власт, но сепак помала од другите региони во Европа“, рече Пајтиќ за време на дебатата.

Водачот на Социјалистичката партија и српски вицепремиер Ивица Дачиќ рече дека амандманите на статутот „се најголем пораз за заговорниците на автономијата по две децении“, бидејќи „нивниот концепт за Војводина како република“ пропадна. Тој додаде дека Србија никогаш нема да ѝ дозволи на Војводина да излезе од нејзината територија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар