30/11/2009
Ако биде одобрена од Европскиот парламент, новата Европска комисија се очекува да го отпочне својот петгодишен мандат на почетокот од февруари.
(Найн о'клок - 30/11/09; АФП - 28/11/09; Европейска комисия, АФП, АП, Ройтерс, ДПА, ФТ, Би Би Си, Euobserver, EurActiv, РСЕ/РС - 27/11/09)
![]() Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, рече дека неговиот тим претставува „совршена мешавина на искуството и новото размислување“. [Getty Images] |
Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо, во петокот (27-ми ноември) го објави составот на својот следен тим, изразувајќи уверување дека новото извршно тело на ЕУ ќе помогне во извлекувањето на Европа од економската криза, за време на нејзиниот петгодишен мандат.
„Врз основа на номинациите на земјите-членки, јас барам да се формира колеџ кој ќе создава нови идеи и нова динамика во најголемите предизвици со кои се соочуваме во Европа денес“, рече поранешниот португалски премиер на прес-конференцијата во Брисел.
Баросо, кој стана 11-тиот претседател на ЕК во ноември 2004 година, доби одобрение од Европскиот парламент (ЕП) за втор петгодишен мандат на 16-ти септември.
„Уверен сум дека овој колеџ ќе биде од решавачка важност за водењето на Европа кон обновата и одржливата социјална пазарна економија, која ќе функционира за луѓето“, рече тој. Една од клучните задачи на т.н. втор кабинет на Баросо „ќе биде да ги заживее новите можности што ги предвидува Лисабонската спогодба“, која влегува на сила во вторник.
Дваесет и шесте новоизбрани комесари, од кои девет се жени, треба да бидат одобрени од ЕП.
Покрај водењето на буџетот на блокот од 27 држави, кој изнесуваше 116 милијарди евра во 2008 година, одговорностите на комисијата вклучуваат предлагање нова легислатива, како и гарантирање на придржувањето на договорите и правото на ЕУ од страна на земјите-членки.
Следното извршно тело на ЕУ ќе го сочинуваат претставници на главните политички групации во Европа -- 13, вклучително и Баросо, од конзервативната Европска народна партија (ЕПП), осум од европските либералдемократи и Реформската партија (ЕЛДР) и шест од централно-левичарскиот Напреден сојуз на социјалистите и демократите (СиД).
Тринаесет новоизбрани комесари се членови на ЕК во заминување, но ниту еден нема да го задржи своето претходно портфолио.
Комесарот за проширување на ЕУ во заминување, Оли Рен, ќе го заземе портфолиото на економските и монетарните прашања. Неговите актуелни надлежности вклучуваат примена на буџетските правила на ЕУ и зајакнување на координацијата на макроекономската политика на блокот.
Рен ќе биде заменет од Стефан Фуле, министерт за прашањата на ЕУ на Чешка, и поранешен амбасадор во НАТО. Фуеле ќе биде задолжен за проширувањето, како и за добрососедската политика на блокот.
Една друга посакувана функција се очекува да му припадне на Дачијан Чиолос од Романија, кој беше назначен за следен комесар за земјоделство и рурален развој, додека бугарската министерка за надворешни работи Румјана Јелева, ќе биде задолжена за меѓународните односи и хуманитарната помош.
Две други земји од Југоисточна Европа ќе бидат претставувани од жени во новата ЕК. Мариа Даманаки од Грција е назначена за следен комесар за поморски прашања и риболовни права, додека министерката за здравство во заминување -- Андрула Василиу од Кипар -- ќе биде префрлена во портфолиото за образование, култура, мултилингвизам и млади.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's