23/11/2009
Поранешниот заменик-претседател на парламентот Илаз Рамајли се сеќава на падот на Берлинскиот ѕид.
Од Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 23/11/09
![]() Слободан Милошевиќ ја укина автономијата на Косово во 1989 година. [Getty Images] |
Илаз Рамајли бил млад косовски политичар кога Берлинскиот ѕид беше срушен во ноември 1989 година. Тој го следел настанот на Радиотелевизија Приштина (РТП), единствениот телевизиски канал во тоа време.
Рамајли, поранешен заменик-претседател на косовскиот парламент, се сеќава на таа вечер.
„Беше толку емотивно, беше како целиот свет да се менува, беше како да гледаш нешто што никогаш не си очекувал да се случи“, изјави Рамајли за SETimes.
Берлинскиот ѕид падна во едно многу сложено време за Косово. Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ ја укина автономијата на земјата во 1989 година, и значителен број косовски Албанци беа затворени за нивните политички ставови.
„Првите сигнали за распадот на поранешна Југославија веќе се гледаа, имаше масовно изразување незадоволство од позицијата на Албанците во поранешна Југославија ... и падот на Берлинскиот ѕид, не само влијанието од ваквиот чин, туку целиот процес, промените во поранешниот Советски Сојуз и распадот на Варшавскиот Пакт, имаа извонредно влијание на сите процеси во Косово во 1990 година и подоцна“, рече Рамајли.
„Генерално чувство беше дека работите значително се менуваат на подобро, особено за земјите кои се сметаа себеси за неслободни“, рече тој.
Двата главни медиуми во Приштина во тоа време, РТП и весникот <i>Рилиндја</i>, ги информираа читателите за падот на ѕидот, но немаше „слобода да се коментира“.
„Тоа беа дневни вести долго време, ставени во косовски контекст“, рече Рамајли.
„Падот на ѕидот беше доживеан од страна на косовските Албанци како чин на промена и надминување на направдите кои се случуваа во цела Европа по Втората светска војна; тоа беше логичен заклучок на настаните што се случија во Југоисточна Европа“, рече тој.
Како што поранешните југословенски републики ги започнаа своите патишта кон независноста, Милошевиќ започна кампања на одземање на автономниот статус на Косово во рамките на Србија. Неговите дејства поттикнаа деценија во која Албанците работеа на отцепување од Србија и обиди за спречување на нивната независност.
До крајот на 1989 година, како што ослабнуваше влијанието на Сојузот на комунистите на Југославија во Косово, беше формирана Демократската лига на Косово, кооснована од Ибрахим Ругова.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's