23/11/2009
Локалното население излезе на гласање во голем број во неделата, во првиот круг од изборите.
Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 23/11/09
![]() Одѕивот на гласачите беше поголем од очекуваното во неделата (22-ри ноември). [Габриел Петреску/SETimes] |
Поранешните политички партнери Трајан Башеску и Мирчеа Џоана ќе се соочат за две недели, на еден од најтешките втори кругови во посткомунистичката историја на претседателските избори.
Според делумните резултати објавени од Централното изборно биро (БЕК) во понеделникот (23-ти ноември), по пребројаните половина гласачки ливчиња, Башеску освои 32,8 отсто од гласовите во првиот круг од изборите во неделата, додека Џоана освои 29,7 отсто. Либералот Крин Антонеску беше трет со 20,8 отсто.
Одѕивот беше 53,4 отсто -- меѓу највисоките во последниве години.
Романците, исто така, гласаа на контроверзниот референдум кој го распиша Башеску за еднодомен парламент, и намалување на бројот на пратениците од 471 на 300. Според анкетата на излезот од гласачките места, на Центарот за урбана и регионална социологија (КУРС), 87,4 отсто гласале за намалување на бројот на пратениците, додека 77,4 отсто го поддржале еднодомниот парламент.
Башеску рече дека тој процент е „извонреден“.
„Затоа, барам од парламентот, по ратификувањето на референдумот, да ја свика комисијата за ревизија на уставот “, рече Башеску.
Според експертите, овој успех може да се покаже како клучна изборна предност за Башеску во вториот круг.
Но, Џоана, се чини исто така убеден. „Работевме напорно за да стигнеме тука. Ќе работиме уште понапорно и ќе победиме заедно на 6-ти декември“, рече тој. Социјалдемократскиот водач вети брз крај на политичката криза, ако стане претседател.
„Како претседател, ќе доведам во врвот на државата, до Божиќ, тим од најчесни и најкомпетентни луѓе, од парламентарното мнозинство и надвор од него“, рече тој.
Воспоставувањето стабилна влада претставува клучен услов за Романија да ги добие последните исплати од договорот за заем од 20 милијарди евра со ММФ.
Изборите беа под силна контрола, откако за време на кампањата се појавија сомневања за можна измама.
Полициски патроли ги запираа автобусите и возовите за да спречат, како што го рекоа „изборен туризам“, односно транспорт на луѓето од едно на друго место за повеќекратно гласање.
Претседателските избори во неделата беа први во Романија откако земјата пристапи во ЕУ во 2007 година, а шести од падот на комунизмот во 1989 година.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's