20/11/2009
Патријархот на Српската православна црква Павле беше погребан во дворот на манастирот Раковица во Белград во четвртокот. Повеќе од 600.000 верници, државни и црковни официјални претставници присуствуваа на службата.
Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград --20/11/09
![]() На погребот му претходеше литургија во Соборната црква. [Никола Барбутов/SETiimes] |
Стотици илјадници луѓе од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска чекаа пред белградската Соборна црква во четвртокот (19-ти ноември), да му оддадат последна почит на патријархот на Српската православна црква Павле.
Павле, 96, почина во неделата. Посмртните останки беа изложени во период од четири дена, за време на кои верниците и следбениците му оддаваа почит.
На погребот му претходеше литургија во Соборната црква и служба во Храмот на Свети Сава. Повеќе од 600.000 луѓе учествуваа на службата, со која чиноначелствуваше севселенскиот патријарх Бартоломеј.
„Српски народе, почни да плачеш, липај горко и искажи ја својата тага според неговите заслуги“, рече Бартоломеј. Тој истакна дека Павле беше теолог со широки познавања, благороден, мирољубив човек со отворени погледи.
Српскиот претседател Борис Тадиќ, кој присуствуваше на погребот, се сети на зборовите на патријархот: „Да бидеме хумани и никогаш да не одговориме на злото на другите со зло во себеси“.
„Верувам дека го делам мислењето на српските граѓани кога ја искажувам благодарноста до неговата светост, патријархот Павле, што отсекогаш постоел и сé уште постои пред сите нас, со своите дела и зборови да бидеме секогаш хумани“, рече Тадиќ.
По 40-дневниот период на оплакување, Српската православна црква ќе избере нов патријарх. Новиот црковен поглавар ќе биде избран од тројца кандидати -- владики со најголем број гласови од членовите на Синодот. Пликоата со имињата на кандидатите ќе бидат ставени во Евангелието и новиот патријарх ќе биде избран од „Светиот дух“, кога избран свештеник ќе го извлече пликото со името на новиот патријарх.
Кога тој стана патријарх пред 19 години, поранешниот владика на Рашка и Призрен беше изненадување. Павле дојде на чело на црквата во 1990 година, во време кога нејзината моќ беше намалена по долгиот период комунистичко владеење и кога почнаа војните во поранешна Југославија.
„Велат дека ги водам Србите во војна заради зачувување на Голема Србија. Но, ако зачувувањето на Голема Србија бара злодела -- јас го одбивам, па и да ја нема Голема Србија. Ако зачувувањето на мала Србија бара злодела -- јас повторно го одбивам, па и да ја нема мала Србија. Ако зачувувањето макар и на еден Србин бара злодела -- јас повторно го одбивам, па и сите да исчезнеме“, рече тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's