19/11/2009
Со малку дебати, предизборната кампања го следеше класичниот посткомунистички модел на лични напади.
Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 19/11/09
![]() Двајцата главни фаворити во трката се актуелниот претседател Трајан Башеску и социјалдемократот Мирчеа Џоана. [Габриел Петреску/SETimes] |
Околу 18 милиони Романци се очекува да излезат на гласање в недела (22-ри ноември), за избор на следниот претседател на државата со петгодишен мандат. Дванаесет кандидати се приклучија на трката, чиј втор круг би се одржал на 6-ти декември.
Изборите носат поголем влог од кога било порано, со оглед на тоа што Романија се наоѓа во сериозна политичка криза во последниов месец, која ја влоши рецесијата на земјата.
Романците, исто така, ќе гласаат на контроверзниот референдум за еднодомен парламент, кој го распиша Башеску -- потег кој беше жестоко оспоруван од неговите противници. Пред две недели неколку невладини организации побараа од народниот правобранител да интервенира и да го подели во два изборни настани, тврдејќи дека референдумот неправедно ги зголемува шансите на Башеску за победа.
Неодамнешниот извештај на ОБСЕ, кој ќе има 25 набљудувачи што ќе ги следат изборите низ целата земја, предупредува дека во кампањата доминантно било референдумското прашање.
Главните фаворити во трката -- актуелниот претседател Трајан Башеску, социјалдемократот Мирчеа Џоана, либералот Крин Антонеску и градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску -- покажаа малку креативност во користењето на своите кампањи, држејќи се до класични митинзи и слаби обиди за освојување на интернет корисниците.
Четворицата не се појавија на првата телевизиска дебата, која требаше да се одржи во средата. Башеску и Антонеску се соочија во дебатата чиј домаќин беше Универзитетот во Клуж-Непока на 14-ти ноември.
Анкетата нарачана и објавена во средата во весникот Евениментул Зилеи покажа дека Башеску (33 отсто) и Џоана (30 отсто), најверојатно, ќе се соочат во вториот круг, додека либералот Антонеску (18 отсто) е далеку зад нив. Во вториот круг ќе победи социјадемократскиот водач, поразувајќи го Башеску со 51:49, според анкетата, која беше спроведена од Центарот за урбана и регионална социологија (КУРБ).
Со оглед на својот релативно стабилен електорат во градовите, Башеску го сврте вниманието на руралните региони. Џоана се обиде да ги консолидира своите гласачи, но исто така и да добие повеќе во историските региони, како што се Трансилванија, каде што актуелниот претседател има најголема поддршка.
„Ќе гласам бидејќи претседателот за мене е највидлив на политичката сцена. И ќе гласам бидејќи сакам да ја видам Романија повторно во нагорен економски правец. Но, не верувам во ефикасноста на референдумот бидејќи е потребен еден сложен процес за да се добие еднодомен парламент и јас се сомневам дека истиот ќе заврши по крајот на изборите“, вели студентот на политички науки од Букурешт Разван Михаласку (24).
Оние во останатиот дел од државата се помалку ентузијасти. „Ги мешам политичките ток-шоуа за време на кампањата со комедии на ситуации. Плус, ја научив нивната содржина напамет бидејќи работите не се променија многу од минатите избори -- ветувања и ветувања“, вели Мариа Михалаче, 38-годишна кројачка во Васлуи.
„Ако не беше референдумот, немаше да излезам на гласање в недела“, додаде таа.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's