Заедничките интереси ги јакнат врските Белград-Тирана

18/11/2009

Иако дијаметрално спротивставени во врска со независноста на Косово, Албанија и Србија градат поблиски врски врз основа на прашањата од заеднички интерес, како што е интеграцијата во ЕУ.

Aнализа на Роберт Остин за Southeast European Times -- 18/11/09

photo

Сали Бериша [Getty Images]

Состанокот минатиот месец на маргините од самитот на Вишеградската четворка во Будимпешта, фрли светлина на потенцијално значајниот тренд во зародиш: сé потоплите врски меѓу Белград и Тирана.

Албанскиот министер за надворешни работи, Илир Мета, и неговиот српски колега, Вук Јеремиќ, ја искористија приликата за да ги постават основите за воспоставување правна рамка за билатералните односи. Јеремиќ, исто така, го покани Мета да го посети Белград.

Иако двајцата имале работни односи во минатото, ова е првпат тие да се состанат додека ги вршат своите актуелни функции. Ова беше, исто така, крај на една долготрајна пауза во официјалните контакти на високо ниво, помеѓу двајцата министри за надворешни работи.

„Работиме на начин на кој не сме работеле во минатото -- се запознаваме со нашите гледишта, ги решаваме практичните прашања, за да не трпи економијата за сметка на нашите политички разлики“, рече Јеремиќ.

Мета даде слична изјава, велејќи дека земјите се подготвени да работат заедно, иако се согласуваат да не се согласуваат околу одредени теми.

Се разбира, Косово останува централна точка на несогласување. Албанија ѝ дава целосна поддршка на Приштина во нејзиното отцепување од Србија, а премиерот Сали Бериша неодамна предизвика револт со изјавите дека Албанија и Косово се дел од една иста нација.

Настрана од таа реторика, Белград и Тирана сé повеќе наоѓаат заеднички јазик за голем број прашања.

„Развојот на нашите односи со Србија е еден од најважните елементи на нашата регионална надворешна политика“, рече Мета во официјалната изјава за <I>Southeast European Times</I>. „Верувам дека конструктивната и конкретна соработка меѓу нашите две земји ќе има многу позитивно влијание врз целиот регион, политички и економски.“

Тој додаде: „Албанија и Србија се клучни земји за зајакнување на мирот, стабилноста и благосостојбата во регионот. Ние сме за нова ера во нашите односи со Србија, ера на взаемна соработка за заедничка европска иднина.“

Трендот произлегува од признавањето од страна на двете држави на нивните значајни улоги во регионот, во контекст на интеграцијата.

Албанија се гледа себеси во улога на градител на мостови. Како нова членка на НАТО, вклучена и во цела серија мултилатерални организации и со аспирации за членство во ЕУ, земјата нема друг избор освен да дејствува во најдобар интерес на регионалната соработка.

Поврзани написи

Loading

Прилично исто може да се каже и за Србија, каде што прозападното раководство инвестираше огромна енергија за да ја стави земјата на нов пат.

Исто така, постојат некои важни економски фактори. Иако Југославија пропадна како држава, статистичките податоци покажуваат дека историските трговски шеми останаа. За Тирана, да се биде дел од регионалната трговска игра, значи да се воспостават блиски врски со нејзините поранешни југословенски соседи.

„Имаме отворени прашања, кои никој од нас не се обидува да ги минимизира или игнорира. Би кажал дека ги решаваме овие прашања со зрелост“, рече Јеремиќ во октомври. „Ја делиме визијата за стабилен Балкан, интегриран во ЕУ и неоштетен поради нашите разлики. Ова патување мора да почне во одреден момент и ние го почнуваме денес.“

Новинарите на Southeast European Times Мањола Хала и Сами Неза дадоа свој придонес во овој натпис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар