Трансперенси интернешнал: Бугарија, Грција и Романија се најкорумпираните држави во ЕУ

18/11/2009

Новото истражување покажа дека има простор за подобрување во многу балкански земји.

(Nine O'clock, Катимерини, Ројтерс - 18/11/09; Tрансперенси интернешнал, Ројтерс, РФЕ/РЛ, ИПС, Еуопсервер, Дојче Веле, Романиан тајмс, HotNews.ro, Софија ечо, Dnevnik.bg, Maкфакс, Б92, Хуријет - 17/11/09)

photo

Грција мора да преземе „итни и одржливи чекори“ за справување со корупцијата, вели Трансперенси интернешнал. [Архива]

Aтина мора да преземе итни чекори за справување со митото, објави Трансперенси интернешнал (ТИ), претставувајќи го својот нов извештај во вторникот (17-ти ноември). Истиот ја рангира Грција како најкорумпирана држава во ЕУ, заедно со Бугарија и Романија.

Трите држави, заедно со кандидатката за ЕУ Македонија, го делат 71-вото место во годишниот Индекс на перцепција на корупцијата (ЦПИ) на меѓународниот набљудувач со седиште во Берлин, кој опфаќа 180 држави и територии. Секоја од четирите земји доби 3,8 поени на скалата од 0 (многу корумпирани) до 10 (ниски нивоа на мито).

Македонија и Бугарија, која беше издвоена како најкорумпирана држава во ЕУ минатата година, ги подобрија своите оценки за 0,2 поени, во текот на изминатите 12 месеци. За разлика од тоа, Грција изгуби 0,9 поени од својата оценка од 4,7 во 2008 година, кога беше рангирана на 57-мото место во светот. Експертите ги обвинуваат „систематските слабости“ кои земјата не успеа да ги надмине.

„Лошата оценка на Грција покажува дека пристапувањето во ЕУ не значи автоматски намалување на корупцијата“, вели ТИ. „Потребни се итни и одржливи напори за земјата да добие прифатливи нивоа на транспарентност и одговорност.“

Оваа година Романија повторно доби оценка 3,8, но се помести едно место подолуна светската табела, на 71 место. Букурешкиот весник на англиски јазик Nine o'Cclock го цитираше Виктор Алистар, шеф на романската гранка на ТИ, дека во 2009 година за првпат во последниве седум години Букурешт не покажа никаков напредок во борбата против корупцијата.

„Оваа стагнација претставува резултат на недостатокот стратешка соработка во врска со правните и институционалните мерки, што доведе до прекумерна ранливост на сите столбови на интегритетот и му наштети на кредибилитетот на реформите и, општо, на Романија“, рече Алистар.

Врз основа на 13 различни експертски и бизнис истражувања, ЦПИ ги мери перципираните нивоа на корупција во јавниот сектор, во одредена земја или територија. Само 49 од 180 држави вклучени оваа година добија оценка 5,0 или повеќе, што е намалување од 52 минатата година. ТИ предупреди дека високите нивоа на корупција во некои држави можат да водат до забавување на меѓународните напори да им се помогне во справувањето со последиците од светската економска криза.

„Во време на масовни стимулативни пакети, брза исплата на јавните средства и обиди за обезбедување мир низ целиот свет, од суштинска важност е да се идентификува каде корупцијата го блокира доброто управување и одговорноста, со цел да се прекине нејзиниот разорен круг“, рече во вторникот во Белград претседателката на ТИ Хугет Лабел.

Со 9,4 поени, Нов Зеланд имаше најдобар резултат во овогодинешниот ЦПИ, по што следи Данска со 9,3 и Сингапур и Шведска, кои добија по 9,2 поени. Швајцарија беше 5-та со 9,0.

Со 1,1 поен, Сомалија се најде на дното на скалата како најкорумпирана земја во светот, по што следи Авганистан со 1,3, Мјанмар со 1,4 и Судан и Ирак со 1,5 поени.

Со добиените 6,6 поени оваа година, скок од 6,4 во ЦПИ од 2008 година, и 5,6 поени претходната година, Кипар беше на 27-мото место, заедно со Естонија и Словенија. Медитеранскиот остров се издвои како најмалку корумпирана држава во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Но, Босна и Херцеговина (БиХ), падна подолу на скалата и остана најкорумпирана држава во регионот. Врз основа на нејзиниот резултат 3,2 оваа година, што е пад од 3,0 во 2008 годија, БиХ го дели 99-тото место до Доминиканската Република, Јамајка, Мадагаскар, Сенегал, Тонга и Замбија.

„Босна и Херцеговина влезе во период на опасна неизвесност, и корупцијата стана доминантен проблем кој го загрозува спроведувањето на целокупните реформи во државата“, рече Емир Ѓикиќ, претседател на Одборот на директори на ТИ-БиХ во вторникот. „Основно е да се спроведат неопходните антикорупциски закони што е можно поскоро.“

Црна Гора постигна најголем напредок меѓу другите земји од ЈИЕ, подобрувајќи го својот резултат за 0,5 поени за период од една година. Со 3,9 поени, земјата се рангираше на 69-тото место во светот оваа година, скок од 85-тото во 2008 година.

Со мининално зголемување од само 0,1 поен, Србија доби 3,5 поени оваа година, заземајќи го 83-тото место на глобалната скала.

Поврзани написи

Loading

Албанија и кандидатките за ЕУ, Хрватска и Турција, паднаа во своите рејтинзи. Турција доби 4,4 поени, намалување од 4,6 поени минатата година, и се најде на 61-вото место во светот оваа година, заедно со Куба, пред Хрватска, која го дели 66-тото место со Грузија и Кувајт, со 4,1 поен. Албанија загуби 0,2 поени од своите 3,4 поени минатата година, паѓајќи за десет места и завршувајќи на 95-тото место во ЦПИ 2009.

Заклучоците за Грција се совпаѓаат со специјалниот извештај објавен во јули од страна на грчкиот генерален инспектор на јавната администрација, во кој се заклучува дека јавниот сектор е полн со корупција. Најзафатени се канцелариите за урбанистичко планирање, државните болници и градските собранија.

Иако ЕУ има специјален мониторинг механизам за Бугарија и Романија, нема мехамизам кој би ги подобрил слабите резултати на Грција во справувањето со корупцијата и забрзувањето на долготрајните судски процеси.

Предлог-програмата на ЕУ, позната како Стокхолмска програма, бара од комисијата на ЕУ да воспостави сличен ревизорски систем за сите членки и да развие „сеопфатна антикорупциска политика“. Програмата ќе треба да се одобри на самитот на ЕУ следниот месец, но Грција -- најголем примател на средства на ЕУ во 2008 година -- наводно се противи на истата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар