Српските скејтери најдоа „слобода“ на плочниците

17/11/2009

Скејтбордингот ја држи белградската младина на улиците -- на добар начин.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград -- 17/11/09

photo

Скејтер лета во височина, во белградскиот скејт парк. [Никоја Барбутов/SETimes]

Во скејтбординг паркот во Белград, кој беше отворен минатата година, можат да се видат скејтери како изведуваат вртење на скејтот за 360 степени, возење по шипки и ја изведуваат кралицата на сите трикови, оли -- во кој скејтерот го крева скејтот во воздух скоро како со магија.

Двајца скејтери паузираа од вежбите за да седнат со SETimes и да разговараат за својата љубов кон овој спорт.

„Возам скејт веќе четири години. Првпат се запознав со [скејтбордингот] преку видео-игрите и долго време сакав и самиот да почнам да го правам тоа. Целата работа се одолговлече малку бидејќи морав да соберам пари за скејтерска опрема, а тоа чини нешто помалку од просечна српска плата“, рече Миша (18).

Тој е еден од соосновачите на скејт-клубот Лоџик.

„Скејтбордингот можеби изгледа лесен, но воопшто не е. Човек мора да се откаже од многу работи за да го вежба ова на начин на кој ние тоа го правиме тоа и да ги совлада сите трикови. Немате тренери, имате само пријатели кои можат да ви покажат што како се прави“, вели Миша. Повредите се чести. И покрај противењата на своите родители, Миша сé уште вози скоро секој ден -- дури и откако неколкупати ги скинал зглобните лигаменти.

Бранислав (16) еднаш си ја скршил раката, обидувајќи се да изведе егзибиција.

„Слобода, креативност ... Можете да возите скејтборд кога сакате и со кого сакате. Нема тренери, изгледа како воопшто и да не е спорт. Излегувате, се забавувате и ако не ви се вози, само си седите со пријателите. Некои денови возите добро, а некои денови не, така си оди тоа“, рече Бранислав.

Бројот на скејтерите во Белград расте.

Иако во паркот немаше девојки да се обидуваат да ги совладаат вештините, неколку ги бодреа момчињата. „Зависи од типот на девојката -- има некои кои го сакаат, а има и некои кои не го сакаат, тоа е нормално“, рече Бранислав.

Поврзани написи

Loading

„Има секакви луѓе меѓу скејтерите, но сепак сите се препознаваме меѓусебно како скејтери и сме дел од иста екипа. Некои слушаат хип-хоп, некои слушаат панк или хеви метал, но тоа не ни пречи, не се расправаме околу тоа“, додава тој.

Во паркот, други ентузијасти во екстремните спортови фучат наоколу на велосипеди и ролери. Без оглед на каков вид тркала се возат, спортистите се дружат меѓусебе.

Според Миша и Бранислав, спортот ги одвлекува младите од дрогата и алкохолот. Единствена работа од која екстремните скејтери и велосипедисти се чини дека се зависни е адреналинот.

„Во моето маало има наркомани. Скејтбордингот ми помага да се спротивставам на ваквите видови собирања“, вели Миша/

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар