Во Букурешт се одржа самит на Централноевропската иницијатива

17/11/2009

Форумот на ЦЕИ беше значаен ангажман за Романија, на кој учесниците усвоија серија важни документи.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 17/11/09

photo

Самитот во Букурешт ја одбележа 20-годишнината од основањето на ЦЕИ и падот на комунизмот. [Габриел Петреску/SETimes]

Романија, актуелен претседавач на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) 2009, беше домаќин на годишниот состанок на групата во четвртокот (12-ти ноември) и петокот. Меѓу присутните имаше претставници на меѓународните финансиски институции, шефови на држави и министри за надворешни работи од 18 држави на ЦЕИ.

Самитот во Букурешт ја одбележа 20-годишнината од основањето на ЦЕИ и падот на комунизмот. Министерскиот состанок беше насловен како „Поддршка на заедничката европска иднина, соочување со актуелните предизвици“.

Учесниците, меѓу кои и новиот молдавски премиер Влад Филат, разговараа за политичките и економските актуелности и напредокот во евроатланското членство.

„Европската перспектива останува исклучително важен инструмент за напредокот на реформите. Покрај ова, напорите кон постигнување на оваа цел претставуваат значаен чекор за регионалната стабилност. Но, освен одговорот на напредокот на владите од Западен Балкан, ЕУ мора да испрати и порака на доверба до граѓаните во регионот“, рече романскиот претседател на техничката влада, Емил Боц.

Генералниот секретар на ЦЕИ, Пјетро Ерколе Аго, го истакна значителниот придонес на организацијата во поддршката и консолидирањето на политичкиот дијалог и доделувањето помош на земјите кои не се членки на ЕУ, на нивниот пат кон интеграцијата.

„Членките на ЦЕИ добиваат не само политичка помош, туку и конкретна помош, преку промовирање на некои проекти на соработка, помеѓу членките на ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ“, рече Аго.

На самитот, исто така, беа финализирани некои важни документи -- Годишниот извештај, Финалниот документ, Акциониот план за 2010-2012 година и годишниот извештај на генералниот секретар.

Поврзани написи

Loading

Членки на ЦЕИ се: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Хрватска, Италија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Украина и Унгарија.

ЦЕИ соработува со меѓународни организации и институции, како што се: Организацијата за економска соработка и развој, Советот на Европа, ОБСЕ, Европската банка за реконструкција и развој и Светската банка, и различни регионални структури, како што се: Јадранско-јонската иницијатива, Дунавскиот процес на соработка и Пактот на стабилност.

За време на своето претседавање, Романија се фокусираше на Европската статегија во областа на Дунав, заеднички проект со Австрија. Претходно оваа година, во документ за Европската комисија, Романија детално ја разработи комунитаристичката стратегија за регионот на Дунав до 2010 година, со цел обезбедување подобра консолидација на економската и социјалната кохезија на крајбрежните држави.

Црна Гора ќе го преземе претседавањето во јануари.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар