На црногорските средношколци им е вратен директорот

11/11/2009

Средношколците во земјата протестираа 42 дена додека не беше слушнат нивниот глас.

Од Марина Рогановиќ за Southeast European Times во Подгорица -- 11/11/09

photo

Протестите организирани од студентите на Црногорскиот универзитет привлекоа стотици луѓе. [Maрина Рогановиќ/SETimes]

Со едногласниот реизбор во вторникот (10-ти ноември) на нивниот директор Миомир Ѓуришиќ, од страна на новиот образовен одбор, средношколците во гимназијата во Цетиње, ја добија битката против, како што тие тврдеа, кршењето на нивните права.

Пред гласањето, Ѓуришиќ рече дека е „среќен што учениците се вратија на училиште, и што сé се реши“. Откако дозна дека победил, тој рече дека е среќен и благодарен, но предупреди: „Ова треба да биде потврдено и од министерството“.

Учениците протестираа 42 дена, одбивајќи да доаѓаат на часовите, бидејќи Министерството за образование и наука ја одложи одлуката од јули на локалниот образовен одбор за назначување на Ѓуришиќ за директор, за уште еден едногодишен мандат.

Учениците ги прекинаа протестите и се вратија во училниците на 13-ти октомври.

Владана Станишиќ, ученичка во четврта година во Гимназијата во Цетиње, рече дека и е драго што сeто ова заврши. "Имавме чувство дека направивме нешто навистина важно кога одборот беше променет и поради тоа сега ни е вратен директорот. Со ова, правдата е задоволена. Навистина верувам дека гласот на младите беше слушнат низ цела Црна Гора".

Премиерот Мило Ѓукановиќ се состана со родителите и професорите на 9-ти октомври и посочи дека Министерството за образование „не успеало да се справи со кризата во гимназијата во Цетиње“, додавајќи дека „ќе биде утврдена индивидуалната одговорност“.

Секретарката на Министерството за образование и наука, Жана Шчепановиќ, поднесе оставка на 19-ти октомври. Два дена подоцна, заменик-министерот, Марко Јокиќ, исто така поднесе оставка, поради „лични причини“. Министерот за образование и наука, Сретен Шкулетиќ, треба допрва да поднесе оставка, но се обврза дека „ќе ги разгледа настаните, одговорностите и дејствата“ во овој случај.

Ѓукановиќ не сакаше да коментира во врска со тоа дали Шкулетиќ треба да поднесе оставка, но рече дека кога едно министерство не успева да се справи со проблемите, поради што е потребна интервенција од повисоко ниво на власта, тоа министерство треба да се смета за одговорно.

Пред решението, учениците од Гимназијата во Цетиње добија поддршка од цела Црна Гора. Еден од најважните настани беше протестниот марш организиран од студентите на Црногорскиот универзитет, кој привлече неколку стотици луѓе, вклучително и истакнати професори, универзитетски администратори, и ученици во колеџи и средни училишта.

Поврзани написи

Loading

Учениците од средното училиште во Даниловград поминаа пеш околу 20 километри за да се приклучат на протестите.

Милан Поповиќ, професор на Факултетот за политички науки, ги опиша протестите како „еден од најважните и најголеми настани во последниве 20 години во црногорската алтернативна, социјална, протестна историја. Акцијата беше паметна, имаше доследност и тежина. Учениците имаа помош од многу истакнати луѓе во Црна Гора. Исто така, акцијата беше успешна, што ѝ даде поголема тежина“.

Бранка Бошњак, советник за наука и професор на Универзитетот во Црна Гора, рече: „Овие ученици покажаа граѓанска храброст и нивната упорност докажа дека на политиката не ѝ е место во училиштата. Со своите протести, тие им одржаа лекција на сите за тоа да се борат за владеењето на законот“.

Бошњак додаде дека министерството било „немоќно“ против бунтот на учениците, истакнувајќи дека станало јасно оти министерството „не работи за учениците, туку за интересите на [владејачката] партија“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар