11/11/2009
Изборите в недела во Косово се соочуваат со неколку предизвици. Сепак, новата претседателка на Централната изборна комисија вели дека гласањето ќе биде непристрасно и транспарентно.
Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина -- 11/11/09
![]() Претседателката на Централната изборна комисија, Несрин Лушта (лево), ја презеде функцијата во мај. [gazetaexpress] |
В недела (15-ти ноември) Косово ќе ги одржи своите први локални избори откако стана независна држава. Пред едностраното прогласување независност во февруари 2008 година, ОБСЕ го водеше изборниот процес и ги верификуваше резултатите за српската покраина. Изборите во земјата сега ќе ги надгледува Централната изборна комисија (ЦИК), предводена од Несрин Лушта. Таа беше именувана од страна на претседателот Фатмир Сејдиу во мај.
Комисијата состави листа која вклучува 1,6 милиони регистрирани гласачи во 36 општини. Ќе има вкупно 2,256 избирачки места.
Southeast European Times: Престојните избори се први што ќе ги спроведат косовските власти. Со кои големи предизвици се соочувате во овој момент?
Neсрин Лушта: Нефункционирањето на Изборната комисија за приговори и поднесоци -- институција независна од Косовската изборна комисија, која [носи одлуки за] приговорите и поднесоците во изборниот процес -- новите косовски општини [и] задоцнетото завршување на задачите од страна на Секретаријатот на Централната изборна комисија, се само некои од предизвиците со кои сме соочени во моментов.
SETimes: Дали имаше проблеми во подготвителната фаза во некои општини?
Луштa: Да. Централната изборна комисија (ЦИК) ги спроведе изборните подготовки во сите општини. Но, во септември, добивме инструкции од страна на меѓуминистерска група за тоа кои општини [нема да учествуваат]. Засега, изборите во општините Северна Митровица и Партеш [се одложени].
SETimes: Едно од клучните прашања што беа неодамна покренати се однесува на избирачкиот список. Дали го загарантиравте правото на глас на секој граѓанин со избирачкиот список.
Луштa: Да. Избирачкиот список претставува извадок од Централниот регистар на граѓани. Во периодот веднаш по завршувањето на изборите, ние ќе се посветиме на проблемите и приговорите во врска со овој список. Повеќе од 28.000 имиња на починати беа избришани од списокот. Вложивме максимални напори да го загарантираме правото на глас на секој регистриран граѓанин.
SETimes: ЦИК, за првпат, ќе ги верификува резултатите на изборите. Како ќе се погрижите за тоа сите партии што учествуваат да ги прифатат официјалните резултати?
Луштa: На ист начин како што ја спроведовме и политиката на изборните подготвителни дејства, соодветно ќе ја спроведеме и политиката која ќе ги загарантира изборните резултати. ЦИК не е обврзана да убеди која било политичка партија да ги прифати официјалните изборни резултати.
SETimes: Некои косовски опозициски партии изразија сомневања во врска со независноста на ЦИК, како не сосема ослободена од политичко влијание. Кој е вашиот коментар за ова?
Лушта: ЦИК претставува независна институција. Иако членовите на ЦИК се номинирани од политичките партии, тие не претставуваат ниту една партија, туку се непристасни и независни.
SETimes: Опозицијата се залагаше за тоа ноемвриските избори да бидат следени со камера. Дали сметате дека, ако ова барање биде одобрено, тоа ќе има влијание на веродостојноста на изборните резултати?
Луштa: Поставувањето камери во избирачките места не беше возможно. Транспарентноста на изборите ќе биде загарантирана преку составот на општинските изборни комисии и советите на избирачките центри, со претставниците на политичките партии во нивните редови. Набљудувачките камери немаше да имаат суштинско влијание врз веродостојноста на изборниот процес, но ако инсистирањето на нив продолжи, тогаш треба да се промени политиката во врска со ова и да се овозможи следење со камери на изборниот процес.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's