Турција гради нов затвор за членовите на ПКК

10/11/2009

Откако во самица помина околу десет години, водачот на терористичката ПКК ќе добие нова адреса.

Од Есра Ердуран за Southeast European Times во Анкара -- 10/11/09

photo

Маж покажува слика на затворениот курдски бунтовнички водач Абдула Оџалан за време на демонстрациите минатиот месец. [Getty Images]

Абдула Оџалан, озлогласениот водач на Курдистанската работничка партија (ПКК) се очекува да добие друштво за првпат во последнава деценија. ПКК -- одговорна за повеќе од 35.000 загинати во судирите со турските безбедносни сили -- се смета за терористичка организација од страна на на САД и ЕУ.

Откако беше фатен во Кенија од турските елитни сила во 1999 година, Оџалан беше единствениот затвореник во малиот затвор Имрали, која се наоѓа на југот од Мраморното Море. Тој чекаше егзекуција за предавство, додека не беше укината смртната казна во 2002 година, како дел од мерките што Турција ги презеде за хармонизирање на своите закони со оние на ЕУ.

Тој ги минува своите денови од доживотната затворска казна, зад решетки на островскиот затвор од Ф-тип, или затвор со максимално обезбедување, без можност за помилување.

Но, неговите денови на изолација завршија. Оџалан е префрлен во нов затвор на островот, заедно со неколку други криминалци.

Според извештајот на турскиот новински портал soL, меѓу затворениците кои аплицирале за трансфер на островот се: Сакир Акурт, Четин Аркас, Јашар Чинбас, Нихат Екмез, Локман Лацин, Мустафа Окчул, Недим Озалп, Наиф Озкилич, Хусеин Јилдирим и Саит Јилдирим -- наводни членови на ПКК кои се осудени на доживотен затвор или тешка затворска казна.

Министерството за правда објави дека листата ќе биде намалена на осум, според резултатите на тестовите што ќе ги поминат затворениците.

Според извори, Оџалан ќе биде сам во својата ќелија, но ќе му биде дозволено да се дружи со затворениците во својата зона за време на паузите. Според некои извештаи, Оџалан ќе има и телевизор.

Поврзани написи

Loading

Министерството за правда ја започна изградбата на новиот затвор по проценката на Комисијата за спречување тортура и нехуман или деградирачки третман или казнување (ЦПТ) при Советот на Европа.

Делегација на ЦПТ го посети Оџалан и го интервјуираше во врска со неговите животни услови. Делегацијата, исто така, се состана со адвокатите на Оџалан, кои се пожалиле дека им е тешко да го посетат својот клиент во сегашните услови.

Последните настани се случуваат додека трае демократската иницијатива на турската влада -- обид да се покаже добра волја кон Курдите.

Според Си-Ен-Ен Турк, новиот објект ќе чини околу 3,3 милиони евра.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот зазема став против корупцијата во фудбалотРегионот зазема став против корупцијата во фудбалот

По години обременети со скандали, официјалните претставници преземаат чекори за ставање крај на корупцијата и на криминалот во фудбалот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Aмерикански брод и екипаж ги вршат последните подготовки за да го неутрализираат најопасниот дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје. Колку според вас е важна оваа операција за заштита на цивилното население од хемиско оружје?

Многу е важна
Не е многу важна
Воопшто не е важна
Не знам