09/11/2009
Новиот министер планира да ги зајакне културата и туризмот.
Од Мариа Паравантес за Southeast European Times во Атина -- 09/11/09
![]() Скулптурите кои се дел од „Елгин Марблес“, земени од Партенонот во Атина, се изложени во Британскиот музеј во Лондон. [Getty Images] |
Новиот грчки министер за култура и туризам, Павлос Геруланос, на крајот од минатиот месец објави дека министерството работи на низа проекти, како што е борбата против кражбата и илегалната трговија со антиквитети, враќањето на Мермерите од Партенонот и промовирањето на културните програми како што е годишниот Атински фестивал и Солунскиот филмски фестивал.
Обраќајќи се пред парламентот за првпат, Геруланос рече дека земјата мора да вложи средства во своите културни ресурси.
„Нема многу пари во културата“, рече тој, „но може многу да се добие“.
Тој говореше првенствено за искористувањето на грчката историја, современата уметност, културата и традициите -- вклучително и медитеранската исхрана, која се фокусира на одредени правила на исхрана на земјите покрај Средоземното Море -- како и за природната убавина на земјата за промовирање алтернативни форми на туризам.
Геруланос рече дека ќе продолжи по чекорите на својата почината, и многу сакана, министерка за култура од социјалистите Мелина Меркури, чија визија беше да се вратат Мермерите од Партенонот назад од Британскиот музеј, каде што моментно се наоѓаат. Во јуни во музејот на Акропол беше отворена специјална галерија, во која ќе бидат изложени спомениците.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун го посети музејот Акропол во средата (4-ти ноември).
Геруланос, исто така, ги покани професионалците од филмската индустрија да предложат начини за подобрување на годишниот Меѓународен филмски фестивал во Солун, кој служи како отскочна штица за филмските работници од Југоисточна Европа. Педесетгодишниот фестивал од натпреварувачки карактер, кој оваа година оди под насловот „Зошто кино сега?“, се одржува помеѓу 13-ти и 22-ри ноември во пристанишниот град Солун и претставува водечки филмски настан во балканскиот регион.
Геруланос, исто така, го спомена 54-годишниот Атински фестивал (Епидаурос), кој секоја година вклучува меѓународни музички, театарски и танчерски настани. Фестивалот во изминатите неколку години доживеа неколку организаторски назадувања -- од кои последното беше кога театарските синдикати се заканија дека ќе го откажат настанот минатиот мај.
„Се прават сериозни напори“, рече министерот, „но, ние мораме да најдеме начин за промовирање на фестивалот бидејќи истиот се одржува за време на туристичката сезона во Атина“.
Сепак, тој не ја спомена Националната опера, која е во долгови.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's