Невладини организации го обвинија Башеску за предизборна измама

09/11/2009

Четири невладини организации велат дека претседателот неправично го користи референдумот за зголемување на своите шанси за реизбор.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 09/11/09

photo

Романскиот претседател Трајан Башеску [Getty Images]

Група од четири невладини организации -- Транспарентност Романија, Асоцијација про демократиа, Центар за судски ресурси и Агенцијата за мониторинг на медиуми -- на 29-ти октомври побараа од романскиот народен правобранител да поднесе жалба до највисокиот суд во земјата, барајќи да ги одвои претседателските избори од референдумот за еднодомен парламент, двата закажани за 22-ри ноември.

Четирите организации тврдат дека претседателот Трајан Башеску, кој има уставно право да распише референдум, ќе се појави на изборните постери за референдумот и за претседателските избори -- со што всушност се става на нерамноправна основа со другите кандидати.

„Го повикуваме народниот правобранител, кој ја има оваа можност, да го информира уставниот суд во врска со фактот дека претседателот, истовремено и кандидат, може да предложи референдум и може, исто така, да се кандидира за втор мандат истиот ден“, рече Кристијан Парвулеску, претседател на Про демократија.

„Ова се чини дека обезбедува дополнителни шанси за претседателот. Тоа е предност и ние се прашуваме дали на овие избори се почитува еднаквоста, меѓу конкурентите“, додаде тој

„Се работи за измама; јас би ја нарекол морална. Веруваме дека ова претставува манипулација и искривување на изборниот говор“, рече Георгијана Јоргулеску, претседателка на Центарот за судски ресурси.

„Кампањата за референдумот веќе започна. Судејќи според насилството преку кое тој [Башеску] го промовира проблемот во врска со бројот на пратеници и еднодомниот парламент, ние можеме да кажеме дека сме сведоци на предизборна измама“, рече Мирчеа Тома, шеф на агенцијата Медиа мониторинг.

Освен изборните постери кои се користат во кампањата на Башеску за претседателските избори, илјадници други, на кои се наоѓа ликот на претседателот, се појавија низ целата земја за промовирање на еднодомен парламент. Некои се жалат дека пораките на овие постери се тешки, со слоганите како „Нема да се извлечат од она од што највеќе се плашат“.

Поврзани написи

Loading

Башеску се залага за еднодомен парламент, со 300 пратеници, за разлика од сегашните 471 во двата дома.

Портпаролот на неговата кампања, заменик-претседателот на демократските либерали Север Воинеску, ги отфрли дејствата на невладините организации како „директно политички и изборни“ и рече дека четири организации со ова ја изгубиле својата политичка неутралност. Тој понатаму ги обвини дека отворено му служат на еден од конкурентите на Башеску во претседателската трка.

Организациите, исто така, се запрашаа за причината за зголемениот број избирачки места и постојаниот пад на интересот на населението за изборите. Според невладините организации, во 1990 година имало 12.000 избирачки места, потоа 15.000 во 2004 и 21.000 оваа година.

На изборите за Европскиот парламент во јуни, последни избори организирани во Романија, одѕивот изнесуваше само 27 отсто.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар