Србија бара потврда за соработката

06/11/2009

Српските власти во четвртокот изразија надеж дека главниот обвинител на ОН Серж Брамерц ќе даде позитивна оценка за соработката на нивната земја со Хашкиот трибунал, која е клучна за кандидатурата на Белград за ЕУ.

(AП, АФП, Ројтерс, ДПА, Бета, Б92, српска влада, Европски парламент - 05/11/09; AФП - 04/11/09; AП - 03/11/09)

photo

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ во средата (4-ти ноември) објави дека се надева оти извештајот на ОН ќе ја признае „целосната соработка“ на неговата земја во обидот да се донесат двајцата бегалци пред лицето на правдата. [AФП]

Српските водачи го уверија главниот обвинител за воени злосторства Серж Брамерц во четвртокот (5-ти ноември) дека Белград вложува максимални напори за фаќање на двајцата преостанати обвинети за воени злосторства кои ги бара Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ).

Србија „интензивно трага“ по поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ и поранешниот водач на хрватските Срби Горан Хаџиќ, се вели во соопштението на претседателот Борис Тадиќ издадено по неговите разговори со Брамерц.

Тој допатува во дводневна посета на Белград во средата, за да ја провери соработката на Србија со Хашкиот трибунал, вклучително и нејзините напори за фаќање на бегалците. Брамерц треба да му поднесе извештај на Советот за безбедност на ОН во врска со ова прашање следната недела.

Последното, изменето обвинение од 15 точки на МКТЈ против Младиќ го товари за воени злосторства извршени за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (БиХ) во периодот 1992-1995 година, вклучително и прогон, истребување и убиства, депортација, нехумани дејства и земање заложници. Тој, исто така, се соочува со две точки од обвинението за геноцид во врска со неговите наводни улоги во масакрот во Сребреница во 1995 година на повеќе од 7.000 мажи и момчиња од босанските муслимани и 43-месечната опсада на Сараево.

Најбараниот обвинет за воени злосторства во Европа живеел под армиска заштита во Србија до 2002 година, рече поранешниот шеф на безбедноста на Младиќ, во белградскиот суд во јуни.

Тој и Хаџиќ, кој е обвинет за воени злосторства за неговата улога во конфликтот во Хрватска во периодот 1991-1995 година, се верува дека се кријат во Србија.

Нивното апсење претставува „приоритет за српската влада“, рече премиерот Мирко Цветковиќ по неговиот состанок со Брамерц во четвртокот.

Главниот обвинител на ОН „изрази задоволство од нивото на соработка на Србија со Трибуналот и ја пофали ефикасноста на сите надлежни тела“, се вели во соопштението на владата.

За време на својата посета Брамерц се состана и со шефот на српскиот Совет за соработка со МКТЈ, Расим Љајиќ, и обвинителот на земјата за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

„Заеднички потврдивме дека скоро нема отворени прашања во врска со пристапноста до архивите, пристапот до документите и ослободувањето на сведоците од обврската да чуваат тајни“, изјави Љајиќ за белградската новинска агенција Бета по неговите разговори со Брамерц. „Единствено преостанато отворено прашање е апсењето на двајцата осомничени.“

Целосната соработка со МКТЈ претставува клучен услов за процесот на интеграција на Србија во ЕУ.

Поврзани написи

Loading

Вукчевиќ во интервјуто за Ројтерс од четвртокот рече дека Србија има „политичка волја“ да го исполни тој услов. Тој, исто така, верува дека „Младиќ ќе биде уапсен до крајот на оваа година“, иако повеќето Срби се противат на неговото фаќање, според неодамнешната анкета.

Српскиот обвинител изрази надеж дека престојниот извештај на Брамерц ќе ја признае „целосната соработка“ на неговата земја во напорите за изведување на двајцата бегалци пред лицето на правдата. Тој, исто така, за Ројтерс изјави дека други 16 лица ќе бидат наскоро уапсени. Тие се осомничени за вмешаност во убиствата на вкупно 45 лица во три одделни случаи за време на конфликтите во БиХ и Хрватска.

Во април 2008 година, Србија потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА) со Унијата, прв голем чекор кон членството во блокот од 27 држави, како и Привремен трговски договор. Двата договори сé уште не се активирани.

ССА ќе биде поднесена до парламентите за ратификација, додека спроведувањето на Привремениот договор ќе започне веднаш штом водачите на ЕУ ќе одлучат дека Србија целосно соработува со МТКЈ, според Европската комисија.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Генералот на НАТО вели дека Алијансата е фокусирана на Украина и на тероризмотГенералот на НАТО вели дека Алијансата е фокусирана на Украина и на тероризмот

Врховниот генерал на НАТО рече дека земјите од алијансата соработуваат во борбата против екстремизмот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) е закана за Југоисточна Европа?

Да
Не
Не знам