Извештајот на ЕК за напредокот ја охрабри Албанија

04/11/2009

Владата е задоволна од неодамнешниот извештај за напредокот на ЕК, но остануваат да се решат некои значајни проблеми.

Од Сами Неза за Southeast European Times во Тирана -- 04/11/09

photo

Албанскиот опозициски водач Еди Рама смета дека извештајот на ЕК звучел како аларм за ситуацијата со изборите во земјата. [Getty Images]

Албански владини претставници ги поздравија резултатите од извештајот за напредокот на Европската комисија (ЕК) објавен минатиот месец.

Премиерот Сали Бериша рече дека во извештајот се изразуваат пофалби за напорите на Албанија во сите области, како и дека истиот претставува водич за работата на неговата влада.

„Јас дефинитивно ќе го потпишам и овој извештај ќе биде работна програма за секое министерство и агенција во оваа земја“, рече Бериша на прес-конференцијата што ја одржа заедно со шефот на делегацијата на ЕК во Тирана, амбасадорот Хелмут Лохан.

Според извештајот, севкупните односи помеѓу Албанија и ЕУ се охрабрувачки. „Албанија продолжи со напредокот во решавањето на политичките критериуми во согласност со Европското партнерство“, се вели во истиот и се додава дека парламентарните избори во земјата во јуни исполниле „поголем дел од меѓународните стандарди“.

„Навременото усвојување на изборниот кодекс и изготвувањето на подобрените гласачки листи, во голема мера го исполнува клучниот приоритет на европското партнерство“, вели ЕК.

Министерката за интеграции, Мајлинда Брегу, потврди дека извештајот ги карактеризира изборите како слободни и фер, и дека таа сега го смета поглавјето од изборите за затворено. Сепак, со оглед на политички контроверзната природа на изборното прашање, извештајот поттикна повторна дебата во Тирана.

Водачот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама, кој го бојкотира новоформираниот парламент, за медиумите изјави дека извештајот, всушност, ги потврди критичките анализи на неговата партија. „За нас, извештајот претставува аларм за изборната ситуација во Албанија“, рече тој.

Во врска со визната либерализација -- уште една жешка тема -- ЕК заклучува дека Албанија постигна „добар напредок во областите на правдата, слободата и безбедноста, но сé уште не ги исполни сите услови одредени во патоказот“.

Брисел ја повика владата да вложи дополнителни напори „особено во областа на персонализацијата и дистрибуцијата на биометричките пасоши, пограничниот и миграцискиот менаџмент и институционалната рамка за борба против организираниот криминал и корупцијата“.

Борбата против корупцијата претставува клучен приоритет на европското партнерство. Сепак, според извештајот, корупцијата во Албанија „е раширена во многу области и понатаму претставува особено сериозен проблем“.

Истиот особено ја споменува контроверзната владина одлука да му се понуди на поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу уште една позиција откако тој беше ставен под истрага за инцидентот во Гердец во март 2008 година, во кој голем пожар предизвика серија смртоносни експлозии во складиште за муниција.

Поврзани написи

Loading

Оценувајќи го напредокот во судскиот систем, извештајот ја подвлекува потребата „да се обезбеди кредибилитет во борбата против корупцијата, фер и транспарентен процес за осуда на сите одговорни, без оглед на нивната позиција“.

Во извештајот се изразува загриженост и за другите области, како што се здравството и медиумите. „Корупцијата и понатаму е раширена на скоро сите нивоа од здравствениот сектор“, додека „бизнис и политичките интереси продолжуваат да влијаат на независните медиуми, во поглед на уредничката независност и професионалните капацитети“.

Владината економска политика ѝ помогна на Албанија да избегне целосна рецесија, се вели во истиот, но економската стабилност дојде по одредена цена.

„Во текот на 2008 година, економскиот раст продолжи да се забрзува, но беше забавен во 2009 година, поради влијанието на економската криза, кое резултираше со намален извоз, дознаки од странство и кредити. Монетарната политика остана здрава, а стабилноста на цените се задржа“, се вели во истиот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар