03/11/2009
Во услови на наводи за корупција и негирања на какви било злоупотреби, министерот за економија Дамир Поланчец поднесе оставка.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб – 03/11/09
![]() Дамир Поланчец. [Архива] |
По неколку недели силни критики од јавноста и политичките противници во парламентот, Дамир Поланчец, хрватски вицепремиер и министер за економија, поднесе оставка во петокот (30-ти октомври).
„Се повлекувам бидејќи не сакам да ѝ наштетам на работата на владата и владејачката коалиција, не сакам да ѝ ја наметнувам на премиерката Јадранка Косор одлуката за тоа дали ќе ме задржи во својот тим или не“, изјави Поланчец за новинарите.
Премиерот ја прифати неговата оставка.
Поланчец се соочува со остри критики во јавноста во врска со скандалот со локалниот производител на храна Подравка, во кој неколку официјални претставници на претпријатието, наводно, имале намера да купат акции од претпријатието и да ја преземат фирмата со нејзините пари -- шема која ја чинела земјата околу 34,5 милиони евра.
Според обвиненијата, Поланчец ги заштитувал извршните директори на Подравка, обвинение што тој го негира. Тој рече дека нема да го искористи својот имунитет како член на парламентот ако обвиненијата за корупција покренат целосна кривична истрага.
Поланчец (42) работел во прехранбеното претпријатие пред да биде назначен од владата во 2005 година.
По приведувањето на осомничените менаџери на Подравка, јавноста, медиумите и опозицијата почнаа да шпекулираат дека високи владини претставници мора да помогнале во заштитата на наводните криминалци со оглед на тоа што трансакциите за кои станува збор датираат од 2006 година.
Веднаш потоа, сите прсти покажуваа на Поланчец.
Сепак, тој тврди дека илегалните трансакции кои водеа до непријателско преземање на профитабилното претпријатие не биле заштитени од него, туку од претседателот Стипе Месиќ.
„Мислев дека овој маж е нормална личност“, со иста мера возврати Месиќ, додавајќи дека сега поранешниот вицепремиер очигледно се дави и бара спас за да се одржи на површина.
Со недели опозицијата во парламентот го повикуваше вицепремиерот да поднесе оставка, како и помалите коалициски партнери. Поланчец рече дека поднесол оставка два дена пред јавната потврда, но „сакал да го види јавното мислење за себе“.
Неговата професионална иднина е неизвесна во овој момент. Поланчец објави дека нема намера да ѝ се врати на политиката.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's