500 уапсени во српската рација против дрогата

02/11/2009

Оружје и муниција, украдени автомобили, фалсификувани пари и наркотици беа запленети во рацијата на ниво на земјата.

(Б92 - 02/11/09; Бета, Б92 - 01/11/09; Ројтерс, АП, ДПА, Б92, ЕМпортал - 31/10/09)

photo

Целта на акциите во саботата беше да „се парализираат“ дилерските мрежи. [Getty Images]

Највисоките српски официјални претставници во неделата (1-ви ноември) рекоа дека острите мерки против трговијата со дрога што ги отпочнаа властите претходниот ден, се дел од напорите за искоренување на организираниот криминал и корупцијата во оваа балканска земја.

Повеќе од 500 лица беа уапсени за време на масовната акција против дилерите на дрога, која беше спроведена истовремено низ цела Србија во 6 часот изутрина во саботата. Околу 2.000 полицајци беа вклучени во операцијата, наречена Морава, во која беа пребарани повеќе од 6.000 објекти.

„Притворивме 100 осомничени од вкупно 500 кои беа уапсени и запленивме десетици килограми различна дрога, големо количество илегално оружје и муниција, голем број украдени автомобили, како и околу 1,5 милиони фалсификувани [американски] долари“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во неделата.

Операцијата Морава ја покажа решеноста на неговата земја да се бори против трговијата со дрога, како што рече тој, истакнувајќи дека целта на акциите од саботата беше да се „парализираат“ дилерските мрежи.

„Целта не беше да се конфискува големо количество дрога или да се уапсат многу луѓе, туку да се прекине дистрибуцијата на дрога во училиштата и кафулињата, и да се спречи нејзиното понатамошно ширење“, изјави Дачиќ за новинарите.

Упатувајќи пофалби до институциите вклучени во операцијата, претседателот Борис Тадиќ во неделата рече дека острите мерки против дрогата се само прва фаза од планот за борба против организираниот криминал и корупцијата.

„Ова не е акција на некое одредено министерство, туку државата Србија и Советот за национална безбедност издадоа наредби за тоа кои институции и служби што треба да работат“, белградски Б92 ја цитираше неговата изјава. „Сите овие акции се дел од доброразработен план кој треба да резултира со суштински успех во борбата против организираниот криминал и корупцијата.“

Тадиќ, исто така, истакна дека напорите ќе продолжат, додека премиерот Мирко Цветковиќ претходно вети дека „никој нема да биде заштитен или поштеден“.

Цитирајќи полициски извори, некои српски медиуми во понеделникот објавија дека меѓу уапсените за време на рациите изминатиот викенд е и синот на починатиот генерал Радован Стојчиќ Баџа, поранешен висок полициски претставник, кој беше убиен во Белград во 1996 година. Војкан Стојчиќ, наводно, бил уапсен за време на потрагата по локален дилер на дрога во јужниот град Ниш.

Опозициската Социјалистичка напредна партија (СНС) ја критикуваше владата, отфрлајќи ја операцијата Морава како маркетиншки трик за зголемување на рејтинзите на владејачките партии.

Поврзани написи

Loading

„На Србија ѝ треба сериозна, организирана и бескомпромисна борба против организираниот криминал, кој сериозно го разјадува нашето општество, а не ад хок потег кој ќе ги избрка малите риби од улиците во рок од 48 часа до максимум 30 дена“, рече Марко Ѓуриќ, претставник на СНС.

Операцијата Морава е најголема операција по акцијата против организираниот криминал што беше спроведена веднаш по атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година.

Споменувајќи ги тековните реформи во српскиот судски систем, политичкиот аналитичар Миша Власиќ изрази неверување дека напорите за „парализирање“ на мрежите на трговија со дрога ќе ги дадат посакуваните резултати.

„Не сум оптимист кога станува збор за нашиот судски систем, имајќи ги предвид неодамнешните одлуки и нестабилната ситуација во изминатите неколку години, но тоа зависи највеќе од квалитетот, или доказите што полицијата ќе ги собере и квалитетот на обвиненијата што ќе бидат издадени“, Б92 ја цитираше изјавата на Власиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар