29/10/2009
Обожавателите ги преполнија театрите за да видат филмовите и да ги слушнат разговорите на тркалезна маса за филмската индустрија.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 29/10/09
![]() Генералниот гувернер на Канада, Мишел Жан, со хрватскиот претседател Стипе Месиќ. [Getty Images] |
Од 18-ти до 24-ти октомври, кино-посетителите од сите возрасти во големи бројки дојдоа да ги видат филмовите за време на филмската недела во главниот град. Загребскиот филмски фестивал (ЗФФ), кој се одржува седма година по ред, стана важен дел од регионалната филмска сцена. За време на настанот, четирите театри кои беа домаќини на ЗФФ, беа преполни. Публиката уживаше во филмовите, како и во разговорите на тркалезна маза за актуелните промени во филмската индустрија.
Генералниот гуверенер на Канада, Мишел Жан, беше почесен гостин на фестивалот, и учествуаше на панел-дискусијата „Уметноста е важна“, на која хрватските и канадските филмски работници разговараа за важноста на визуелната уметност.
Жан, исто така, го посети фестивалот со хрватскиот претседател Стипе Месиќ.
„Загребскиот филмски фестивал се состои од деби, први и втори филмови на авторите, така што ние сакаме да кажеме дека ги претвораме луѓето во ѕвезди. Или, барем, им помагаме на тој пат. Токму на нашиот фестивал германскиот филм „Животот на другите“, на Флориан Хенкел вон Донерсмарк, ги освои првите фестивалски награди, како на публиката, така и на жирито, и неретко загребската публика е меѓу првите во Европа што ги гледа филмовите кои подоцна стануваат блокбастери, како „Борат“, кој овде ја имаше својата европска предпремиера“, рече директорот на ЗФФ, Борис Т. Матиќ.
Наградата Златна количка отиде во рацете на Ксавиер Долан-Тадрос во програмата игран филм за „Ја убив мајка ми“. Според жирито, филмот ја обработува темата на семејните односи на искрен и храбар начин, движејќи се по тенката линија меѓу љубовта и омразата.
„Филмот ,Ја убив мајка ми’ е свеж и возбудлив пример за тоа како треба да се прават филмовите, и извонредно постигнување на некој толку млад, па затоа и заслужува награда“, рече жирито за 20-годишниот Тадрос.
Во категоријата краткометражен филм, двајца ја поделија Златната количка -- „Исчезнат“ на Јокем де Врис од Холандија и „Секој ден не е ист“ на Мартин Турк од Словенија.
Во категоријата на документарни филмови, „Ла вида лока“ на Кристијан Поведа ја доби Златната количка, како и извонредни оценки од жирито.
„Режисерот успеа да раскаже неверојатна приказна од внатре, не како набљудувач, туку како некој одвнатре кој се грижи за своите ликови. „Со оглед на тоа што [филмот] ги претставува своите ликови со многу човечка топлина, ние не гледаме црно-бели херои и антихерои на општеството, туку неговите трагични жртви. Овој филм допре длабоко во нашите срца и ќе остане таму уште долго, не како шокантна приказна, туку како документарен филм на моќно исчекување, драма и ритам. Имајќи ги предвид сите трагични околности околу овој филм, нашиот победник потврдува дека филмовите може понекогаш да бидат поневеројатни и поимпресивни од вистинскиот живот.“
Урош Живановиќ од Хрватска победи во категоријата Коцкички, која ја сочинуваат различни филмски стилови, за својот филм „Студен фронт“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's