Еколошки пречки за новата грчка влада

26/10/2009

Преку Министерството за животна средина, енергија и климатски промени, земјата вложува напори за заштита на животната средина.

Од Мариа Паравантес за Southeast European Times во Атина -- 26/10/09

photo

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во атинското предградие Пикерми во август. Новата грчка влада вети дека ќе се фати во костец со серијата еколошки проблеми кои придонесоа за неодамнешните пожари. [Getty Images]

Загадувањето на воздухот, загаденоста и намалувањето на водните ресурси, управувањето со отпадот, уништувањето на шумите и справувањето со климатските промени се главните еколошки прашања со кои се соочува новата влада на социјалистите во Грција, која веќе ја формулира политиката пред Копенхашката конференција за климатските промени во декември.

И покрај ратификувањето на Протоколот од Кјото, Грција сепак не успеа да преземе мерки кои ќе генерираат енергија за идните генерации на одржлив, еколошки прифатлив начин.

Шумските пожари кои ја јагленосаа земјата додадоа уште една димензија на овој проблем. По уништувањето на последните преостанати шуми на Атика и нивниот див свет во пожарите изминатиов август, Атина и другите метрополски области сега се соочуваат со нова еколошка реалност, која веќе почна да го зема својот данок.

Високите летни температури, поројните дождови, загадениот воздух и намалениот дотур на вода, почнуваат да стануваат повеќе правило, отколку исклучок. Иако идејата за заштита полека си прави пат до грчкиот менtалитет -- еколошката свест како концепт се појави во средината на 1980-тите -- сé уште останува долг пат.

Рециклирањето е сé уште под просекот на ЕУ. Од 5,5 милиони тони отпад кои се создаваат годишно, само 350.000 тони се рециклираат.

Веќе подолго време, Грција претпочита плаќање еколошки казни на ЕУ, наместо решавање на проблемот со строги мерки.

Премиерот Јоргос Папандреу, кој победи убедливо на предвремените избори на 4-ти октомври, постојано ја искажува својата решеност да ја стави Грција меѓу „позелените“ држави на ЕУ. Тој сака да произведува околу 18 отсто од вкупната енергија на земјата од обновливи извори до 2020 година, во споредба со 8-те отсто сега.

Тој, исто така, формираше Министерство за животна средина, енергија и климатски промени -- и ја стави екологистката Тина Бирбили на неговото чело.

Таа се состана со претставниците на Министерството за надворешни работи претходно овој месец, за да ги постави основите на скоро двонеделниот Копенхашки самит кој почнува на 7-ми декември.

„Планираме да се состанеме со социјалните партнери и сите партии вклучени и подготвени за активно учество на самитот, да го поддржиме ставот на ЕУ и, се надеваме, да станеме дел од тој процес“, рече Бирбили.

Поврзани написи

Loading

Таа ги покани екологистите, како што е Светскиот фонд за заштита на дивиот свет и Гринпис, меѓу другите, да поднесат предлози за тоа како земјата може да стане позелена.

Бирбили планира промовирање на заштитата преку образование и истражување, и заштита на преостанатите шуми преку земјишен регистар, со истовремено спречување на илегалниот урбан развој во областите уништени од шумските пожари, меѓу другите точки од својата агенда.

Покрај тоа, владата планира да ги вклучи емисиите на јаглероден диоксид во критериумите кои подлежат на данок за автомобилите.

Во меѓувреме, еден светол пример за тоа како земјата станува позелена може да биде Гревена, каде што биомасата -- струганиците, сеното, семките од маслинки, ѓубрето, риболовниот отпад итн. -- ќе биде претворена во енергија, првенствено за греење, преку приватниот проект од 65 милиони евра.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар