Американскиот заменик-претседател ги поздрави промените во Романија

26/10/2009

Џо Бajден ги пофали остварувањата на Романија во текот на изминатите 20 години и рече дека новите демократии на Источна Европа може да им бидат пример на другите кои се борат за слобода.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 26/10/09

photo

Американскиот заменик-претседател Џо Бajден (лево) се поздравува со романскиот претседател Трајан Башеску во палатата Котрочени, во четвртокот (22-ри октомври). Бajден ја подвлече улогата на Романија како пример за другите земји во регионот. [Getty Images]

За време на еднодневната посета на Букурешт во четвртокот (22-ри октомври) американскиот заменик-претседател Џозеф Бajден ги пофали напорите на Романија да стане целосно оформена демократија и посветен американски партнер.

Говорејќи пред студентите на политички науки во Централната универзитетска библиотека, скоро целосно уништена за време на револуцијата во земјата во 1989 година, Бajден ја пофали борбата на Романците за слобода.

„Кога се подигна Железната завеса и падна ѕидот во Берлин, на нивните места израсна демократијата, демократија која вие ја заслуживте уште одамна. Приказната за слободата, вашата приказна, е едно од најголемите остварувања во современата историја“, рече Бajден.

„Почнавте да ги реализирате соништата кои само храбрите ги замислуваа пред 20 години, цела и слободна Европа, укотвена во евроатланските институции на НАТО и ЕУ“, додаде заменик-претседателот.

Тој истакна дека земјите како Романија претставуваат пример за другите кои се борат да станат демократски. „Можете да им помогнете на Молдавија, Грузија и Украина, по патот на трајната стабилност и благосостојба. Сега е време на вас да водите. Ерменија, Азербејџан и Белорусија може да ги искористат вашите лични искуства ... вие сте добар пример; вие го остваривте ветувањето на вашата револуција. Сега сте во позиција да им помогнете на другите да го сторат истото“, рече тој.

Бajден испрати директна порака до младата публика. „Бидете како оние во ’89-тата. Бидете водачи. Имате историја и традиција. Можете да направите огромна разлика. И ние ќе бидеме со вас“, рече тој.

Бajден на сцената го придружуваше неговата ќерка, Кетлин, и неговата внука, Финеган, кои тој ги претстави пред публиката.

Претходно истиот ден, за време на заедничката прес-конференција со претседателот Трајан Башеску, Бajден рече дека Романија го поддржува новиот американски противракетен систем. „Овој фазен, прилагодлив пристап кој САД го предлагаат, го адаптираше својот дизајн на растечката закана по Европа, со докажана технологија која ќе покрие поголем дел од Европа, вклучително и Централна Европа, поефикасно од претходниот пристап“, објасни Бajден.

Поврзани написи

Loading

Тој, исто така, им посака сé најубаво на Романците во претседателската кампања која почнуваше следниот ден и рече дека е љубоморен што истата трае само 30 дена, за разлика од онаа во САД.

Бajден, исто така, се состана со премиерот во заминување Емил Боц и опозициските водачи -- Мирчеа Џоана од Социјалдемократската партија и Крин Антонеску од Национал-либералната партија.

Од Букурешт, Бajден замина за Прага, последна станица на неговата тридневна регионална турнеја низ Централна и Источна Европа.

Ова беше втора посета на Бajден на Романија. Тој ја посети земјата пред една деценија, како шеф на Комисијата за надворешни односи при сенатот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар