Бутмирскиот процес на БиХ ќе продолжи

22/10/2009

И покрај новиот круг разговори, водачите на главните политички партии во БиХ остануваат поделени во однос на неостварливите уставни реформи.

(AФП, АП, ББС, ФТ, АКИ, Еурактив, Фена, Бета, Б92, Блиц, Канцеларија на високиот претставник - 21/10/09; Ројтерс, АФП, ДПА, АКИ, ББС, Б92 - 20/10/09; Канцеларија на високиот претставник - 19/10/09)

photo

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт (лево), и американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг во средата (21-ви октомври) одржаа прес-конференција во седиштето на ЕУФОР во Бутмир, во близина на Сараево. [Getty Images]

Вториот круг разговори за клучните уставни измени кои ќе го отворат патот за членството на Босна и Херцеговина (БиХ) во ЕУ и НАТО, не резултираше со договор, објавија во средата (21-ви октомври) меѓународните посредници во процесот.

Водачите на главните бошњачки, српски и хрватски партии го отфрлија предложениот пакет реформи кои треба да го подобрат системот на управување на нивната земја и да ја направат функционална држава, рекоа шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт и американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг.

Но, одреден напредок беше постигнат за време на дводневните разговори во Кампот Бутмир, седиштето на ЕУФОР во предградие на Сараево.

„Иако е постигнат одреден ограничен напредок, ќе бидат потребни понатамошни разговори ... и некои од партиите ќе мораат да покажат поголема решителност и флексибилност“, рекоа Билт и Стајнберг во заедничката изјава од средата.

Tие, исто така, ги повикаа босанските водачи да ги направат неопходните компромиси, ако навистина сакаат да ја остварат својата цел за евроатланска интеграција.

Заедничката иницијатива ЕУ-САД беше лансирана претходно овој месец, во обид за прекин на долготрајниот политички ќор-сокак во БиХ, кој го блокира реформскиот процес и напредокот во пристапувањето. Меѓу другите меѓународни претставници кои учествуваа во преговорите, беа и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен и високиот претставник Валентин Инцко, кој, исто така, беше специјален претставник на ЕУ (ЕУСР) во БиХ.

БиХ потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ минатата година, како прв голем чекор кон членството во блокот од 27 земји, но уставните реформи претставуваат клучен предуслов за понатамошен напредок.

Поврзани написи

Loading

„Босна и Херцеговина не може да добие бесплатен билет за Европа“, рече во средата Билт, чија земја моментно претседава со ЕУ. „Ако не бидат исполнети условите за евроатланска интеграција, Босна и Херцеговина ќе заостане зад другите земји во регионот.“

Континуираното постоење на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) претставува уште еден камен на сопнување на патот на БиХ кон пристапувањето. ЕУ го постави како клучен предуслов затворањето на КВП и нејзиното трансформирање во зајакната канцеларија на ЕУСР, за БиХ да добие официјално признавање како земја-кандидатка за ЕУ.

„Европската унија е унија на суверени демократии, а не унија на полуфункционирачки полу-протекторати“, рече Билт по првиот круг разговори во Бутмир претходно овој месец. „Босанските политичари се оние што треба да ја водат својата земја од полупротекторат до суверена демократија.“

Прашањето на евентуалното затворање на КВП ќе биде дискутирано на состанокот на Советот за спроведување на мирот на 18-ти и 19-ти декември. Еден од условите за одлуката во врска со ова е позитивната проценка на политичката ситуација во БиХ, која постојано се влошува од 2006 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар