Косово и Македонија го решија пограничното прашање и воспоставија врски

20/10/2009

Скоро една година откако Македонија ја призна независноста на Косово, дипломатијата меѓу двете земји доби важен поттик.

Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина – 20/10/09

photo

Косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени. [Getty Images]

Maкедонија и Косово официјално воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво доцна во саботата (17-ти октомври). Овој потег го отвора патот за потпишување и ратификување договори, што досега беше невозможно поради немањето официјални врски.

Во документот потпишан од нивните министерства за надворешни работи, двете земји ветуваат дека ќе ги зајакнат пријателските односи, врз основа на взаемно почитување на нивниот национален суверенитет, независност и територијален интегритет.

Договорот беше пофален од меѓународната заедница, но доби жестоки критики од Србија, која се противи на правото на независност на својата поранешна покраина.

Претседателството на ЕУ објави изјава во која се поздравуваат „последните настани во однос на добрососедските односи помеѓу Скопје и Приштина“. Албанија, пак, го поздрави воспоставувањето врски како важен придонес за долгорочната регионална стабилност. Албанскиот министер за надворешни работи, Илир Мета, му телефонираше на својот косовски колега, Скендер Хисени, за да му честита.

За разлика од тоа, српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, остро ја критикуваше одлуката на Скопје за признавање, велејќи дека истата ги поткопува односите на Македонија со Србија, во време кога тие само што почнаа да се подобруваат.

Одлуката ќе има последици, предупреди Јеремиќ.

Поврзани написи

Loading

Признавањето уследи само неколку часа откако косовскиот парламент го ратификуваше договорот за одбележување на границата со Македонија. Јеремиќ, исто така, не беше задоволен од овој договор, велејќи дека Македонија требаше најпрво да се консултира со Белград. Македонскиот парламент го ратификуваше договорот претходно.

Договорот има за цел решавање на долготрајниот спор за тоа каде точно да се исцрта граничната линија во должина од 260 километри. Македонија сега ќе добие 160 метри во Луково Поле на Шар Планина, додека Косово доби 155 метри на Дебалде, во близина на стратешката точка Кодра Фура.

Емоциите беа вжештени околу ова прашање, и беа потребни два обиди за да се добие ратификација во косовскиот парламент од 120 места. Првиот пат, потребното двотретинско мнозинство не беше постигнато. Претседателот на парламентот Јакуп Красниќи потоа се заложи за обединет фронт меѓу водачите на сите косовски партии и успеа да ги добие потребните 81 глас.

Косовската влада му придава особена важност на граничниот договор. Во изјава, владата рече дека договорот „ја потврдува меѓународната позиција на Република Косово“ и ќе ја зајакне неговата страна во случајот пред Меѓународниот суд на правдата, каде што Србија поднесе тужба.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар