EК: Македонија подготвена за разговори за влез

15/10/2009

Истакнувајќи дека земјите од Западен Балкан и Турција ги чека уште многу работа, во истовреме Европската комисија во средата објави дека Македонија постигнала „убедлив напредок“ и е подготвена да почне разговори за влез со Брисел.

(Европски глас, ВОА - 15/10/09; Европска комисија, АФП, АП, Ројтерс, ДПА, Блумберг, ФТ, ББС, Гардијан, Еуопсервер, Еуроњус, АКИ, Бета, Б92, МИА, АНА-МПА - 14/10/09)

photo

Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, говори за време на прес-конференцијата во врска со извештаите за напредокот во средата (14-ти октомври). [Getty Images]

Четири години откако им се придружи на Хрватска и Турција како официјална земја-кандидатка за ЕУ, Европската комисија (ЕК) во средата (14-ти октомври) ѝ соопшти на Македонија дека е подготвена да почне со своите разговори за пристапување со Брисел.

„Земјата постигна убедлив напредок и во голема мера ги реши клучните реформски приоритети“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, претставувајќи ги годишните извештаи на ЕК за напредокот на земјите-кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки.

Врз основа на овој заклучок, комисијата препорача блокот од 27 земји да отвори преговори за пристапување со Скопје. Водачите на земјите-членки на ЕУ ќе донесат одлука околу ова прашање за време на нивниот самит во декември.

Но, долготрајниот спор околу името помеѓу Грција и Македонија останува главна пречка за кандидатурата на Скопје за ЕУ. Инсистирајќи на тоа дека името на нејзиниот северен сосед имплицира потенцијални територијални претензии кон нејзината сопствена провинција Македонија, Грција се закани дека ќе го блокира членството додека не се постигне решение.

Рен изрази надеж дека препораката на ЕК ќе послужи како „многу силно охрабрување за решавање на спорот околу името и ќе го тргне истото од агендата, и јас верувам дека владата во Скопје добро ја сфаќа оваа порака“.

Додека Македонија го чека датумот за почеток на своите разговори за влез, хрватските преговори се приближуваат кон финалната фаза, при што само седум од 35 поглавја од преговорите сé уште не се отворени, објави Брисел. Но, исто така, Загреб беше упатен да продолжи со спроведувањето на реформите потребни за ЕУ, особено во областите на судството и реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата, малцинските права и враќањето на бегалците.

„Ако Хрватска ги исполни сите услови навреме, преговорите за пристапување е можно да завршат следната година“, објави ЕК.

Турција, која ги започна своите разговори за членство заедно со Хрватска во 2005 година, е далеку поназад во процесот, при што досега е отворена само една третина од нејзините поглавја на преговорите.

Упатувајќи пофалби до Анкара во врска со нејзините напори за нормализирање на односите со Ерменија, како и за нејзината неодамна објавена иницијатива со цел решавање на курдското прашање, ЕК ја критикуваше Турција за тоа што не успеа да ги нормализира односите со Кипар.

Поврзани написи

Loading

„Ги повикуваме водачите на двете заедници во Кипар да ги доведат разговорите за решението до успешна завршница, што е можно поскоро и Турција да придонесе во конкретна смисла за едно вакво сеопфатно решение на кипарското прашање“, рече Рен во средата.

Потенцијалните кандидатки за ЕУ Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Црна Гора и Србија постигнуваат неизедначен напредок и ќе имаат да направат уште многу за исполнување на условите на ЕУ, според комисијата.

„Владеењето на законот, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, останува главен предизвик кој земјите од проширувањето мора да го решат уште во рана фаза“, рече Рен. „Ќе [биде потребна] уште реформска работа за решавање на проблемот, и комисијата ќе продолжи да ги користи сите инструменти од процесот на проширување за да им помогне во овие заложби.“

Извршното тело на ЕУ изрази особена загриженост во врска со континуираната националистичка реторика во БиХ и влошената политичка ситуација во земјата, која „итно мора да ги забрза клучните реформи“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар