14/10/2009
Со оглед на извештаите дека владејачките партии се согласиле да го поддржат документот, статутот на Војводина би можел да се најде во парламентарна расправа овој месец.
Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 14/10/09
![]() Војводина. [Никола Барбутов/SETimes] |
Една година по неговото составување, изменетиот статут за српската провинција Војводина е можно конечно да добие одобрение од парламентот до крајот на оваа година, рекоа членовите на владејачката коалиција оваа недела.
Според извештаите на локалните медиуми, партнерот во владејачката коалиција, Социјалистичката партија на Србија (СПС), објави дека ќе гласа за документот откако ќе добие уверување од Демократската партија (ДС) дека сите елементи кои ѝ даваат на Војводина можност да формира „држава во држава“ ќе бидат отстранети од предлог-документот.
Конечната верзија на статутот е хармонизирана од страна на коалицијата, и нема да содржи никакви „државотворни атрибути“, кои се содржат во оригиналниот документ за северната српска покраина, објави Вечерње новости.
Одредбите кои ќе бидат отстранети го вклучуваат правото на Војводина да усвојува закони и да распишува референдуми.
Водачот на СПС Ивица Дачиќ рече дека неговата партија ја поддржува широката автономија за Војводина, но нема да поддржи статут кој „ја претвора Војводина во држава“.
Некои војводински партии во владејачката коалиција кои го поддржуваат уставот, го повикаа парламентот конечно да донесе одлука за актот. Партиите ја отфрлија секоја можност статутот да биде сепаратистички, и инсистираат на тоа дека истиот е во согласност со европските стандарди.
Одговарајќи на гласините за внатрепартиски несогласувања, претставникот на ДС Бојан Пајтиќ за белградската Б92 изјави дека не е точно оти „ограноците во Војводина и Белград“ не се согласуваат со предлог-статутот на Војводина.
Според претседателката на парламентот, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, пратениците е можно да расправаат во врска со статутот до крајот на октомври.
Сепак, и покрај поддршката на владејачките партии, статутот се соочува со противење. Српската православа црква испрати писмо до српските власти, во кое предупредува дека некои од одредбите на статутот го кршат српскиот устав и може да водат до поделба на државата.
Претседателот Борис Тадиќ, исто така, има одредени приговори. На 8-ми октомври тој рече дека статутот на Војводина „се однесува на внатрешниот поредок на Србија, кој некои политичари во земјата и некои од светот сакаат да го интернационализираат“. Претседателот додаде дека ја поддржува широката автономија за провинцијата, но исто така рече дека „автономијата не смее да го загрози интегритетот на земјата и да ја дестабилизира“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's