Јоханис избран за нов романски премиер

14/10/2009

Ова беше првата малцинска влада во последниве 20 години соборена по гласање за доверба во парламентот.

Од Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт – 14/10/09

photo

Романскиот премиер Емил Боц (во средината), министерката за туризам, Елена Удреа (во средината лево), и министерот за економија Адријан Видеану (десно) присуствуаа на гласањето во парламентот во вторникот (13-ти октомври). [Getty Images]

Социјалдемократската партија (ПСД), Националлибералната партија (ПНЛ) и Демократскиот сојуз на Унгарците (УДМР), сите моментно во опозиција, се согласија во вторникот (13-ти октомври) да го назначат Клаус Јоханис, градоначалник на Сибиу и водач на Германскиот демократски форум, за премиер.

Трите партии, кои ја сменаа актуелната влада со гласањето за недоверба претходно истиот ден, официјално ќе го информираат претседателот Трајан Башеску за својата одлука.

ПСД, ПНЛ и УДМР, исто така, се согласија следната влада да биде формирана исклучиво од технократи, како и поголем дел од нејзиното внимание да биде насочен на министерството за надворешни работи и министерството за правда.

Извори на Медиафакс велат дека водачите на трите партии одлучиле да не потпишуваат договор за формирање коалиција за поддршка на новата влада, што значи дека ова ќе се смета за привремено решение, кое најверојатно ќе води до предвремени општи избори, откако ќе завршат претседателските избори на 22-ри ноември.

Сепак, според уставот, Башеску има право да ја игнорира номинацијата, и покрај фактот што трите партии имаат доволно места во парламентот за да ја изгласаат владата.

Некои шпекулираат дека Башеску ќе го номинира премиерот Емил Боц.

Поврзани написи

Loading

Вкупно 254 пратеници гласаа за иницијативата за недоверба, додека 174 гласаа против. Ова е прва влада од 1990-та година соборена со иницијатива поднесена од опозиција.

„Ја изгубивме битката, но не и целата војна. Владата падна бидејќи пратениците не сакаа да ги изгубат своите пензии и привилегии“, рече Боц, мислејќи на неодамнешниот проект за намалување на преференцијалните пензии и плати заради намалување на јавните трошоци.

„Со сите овие политички расправии, Романија во суштина губи два месеца од борбата против рецесијата. Технократската влада, составена за 45 дена, ја продолжува неизвесноста и ќе ги одвлекува странските инвеститори, додека оние што се присутни на внатрешниот пазар ќе бидат повнимателни“, изјави за SETimes Силвиу Сергиу, политички уреденик на локалниот весник Eвениментул зилеи.

„На политичко ниво, оваа криза му нанесува тежок удар на Башеску бидејќи тој, во суштина, ја губи контролата над владата непосредно пред претседателските избори, што е голема неповолност“, додава Сергиу.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар