Откажувањето на српската парада може да доведе до забрана на некои групи

24/09/2009

Белградската Геј парада на гордоста -- која требаше да се одржи претходно оваа недела -- беше откажана поради заканите на екстремистичките организации.

Од Бојана Миловановиќ за Southeast European Times во Белград --24/09/09

photo

Полицијата ги проверува документите на српски ултранационалист во Белград во неделата (20-ти септември). [Getty Images]

Српските власти размислуваат да ги забранат политичките групи кои им се закануваат на други, објавија властите во понеделникот (22-ри септември). Катализатор беа заканите на ултранационалистичките групи, кои го поттикнаа откажувањето на Геј парадата на гордоста во неделата во Белград.

Заменик-министерот за правда, Слободан Хомен, за Б92 изјави дека властите планираат да побараат од највисокиот српски суд да „ги забрани сите организации кои искажуваат вакви закани“.

Ултранационалистичките групи Образ и Српско народно движење 1389 се спротивставија на геј парадата. Водачот на Образ Младен Обрадовиќ предупреди дека организаторите ќе бидат одговорни за тоа што може да се случи ако парадата се одржи според закажаното.

Според извештаите на локалните медиуми, група од околу 10.000 хулигани планирала да ги гаѓа учесниците на парадата со камења, скриени во шахтите по патот низ кој истата требаше да помине.

Групите, исто така, планирале напад на Шведската амбасада, која требаше да биде домаќин на приемот за учесниците. Некои членови на овие екстремистички групи дури и сакале да се уфрлат во парадата, што би им овозможило подоцна директно да ги нападнат учесниците.

Министерството за внатрешни работи објави дека полицијата не може да ја загарантира безбедноста на учесниците на парадата и препорача парадата да се префрли од центарот на градот во паркот Ушче, во близина на реките Дунав и Сава, каде што учесниците на парадата би биле подобро заштитени.

„Министерството за внатрешни работи е обврзано да го сврти вниманието на високиот ризик по имотот и човечките животи. Предложивме да биде избрана локација која полицијата ќе може да ја обезбедува, за да не одговара за ниту еден човечки живот“, рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Поврзани написи

Loading

Организаторите одбија. „Традицијата во сите големи градови во светот е ваквите настани да се одржуваат на главни улици, со цел да се покаже дека членовите на геј и лезбејската популација дека се рамноправни членови на општеството. Не сакаме да одиме по некоја ливада во близина на река; тоа не може да биде Парада на гордоста“, рече членот на организацискиот комитет Мајда Пуаца.

Предлагањето друго место покажува дека „државата падна пред заканите на насилство“, рекоа организаторите.

Српскиот полициски началник Милорад Вељовиќ во понеделникот рече дека ќе бидат преземени „построги мерки“ против оние кои промовираат насилно однесување, истакнувајќи дека 37 лица беа уапсени во неделата откако се обидоа да одржат анти-геј митинг во центарот на Белград.

Полицијата, исто така, објави дека нема да бидат дозволени јавни митинзи во центарот на Белград „во иднина“, поради безбедносните проблеми.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар