Забраната за пушење во Хрватска е ревидирана

17/09/2009

Пушењето во кафулињата ќе се дозволи повторно, ако бидат исполнети основните услови.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 17/09/09

photo

Сопствениците на кафулињата се приспособуваат на новите услови. [Getty Images]

Хрватското пушачко лоби извојува победа минатиот четврток (10-ти септември), кога парламентот усвои амандман на контроверзниот закон против пушењето. Амандманот им овозможува на пушачите да пушат во делови на кафулињата посебно наменети за тоа, ако имаат соодветен вентилациски систем и ако имаат видливи знаци што предупредуваат за опасностите од пушењето.

Рестораните, болниците, училиштата, канцелариите и баровите не се опфатени со амандманот, и пушењето е сé уште забрането во овие области.

Амандманот уследи по бунтот на сопствениците на кафулиња и ресторани, кои тврдат дека нивните бизниси скоро пропаднале откако законот, еден од најрестриктивните забрани за пушење во Европа, стапи на сила во мај.

За време на летните месеци пушачите честопати излегуваа надвор за да запалат цигара, но зимата е на прагот и сопствениците на кафулиња предвидуваат страшен пад на бизнисот.

Веднаш по усвојувањето на законот беше иницирана петиција, и владата истата ја зеде предвид. Новиот предлог беше подготвен со помош на Министерството за туризам, еснафот на сопственици на кафулиња и ресторани и владини претставници.

Сопствениците на кафулиња, кои почувствуваа мало олеснување, се надеваат дека полибералниот закон ќе ги врати пушачите во нивните објекти.

Поврзани написи

Loading

Жељко Стрижиќ, сопственик на кафуле покрај море, вели дека со новиот амандман, неговиот бизнис има иднина. Тој почнува со спроведување на измените во своето кафуле од 70 метри квадратни, за одвојување на пушачите од непушачите и веќе купи постер „пушењето убива“.

Министерот за здравство, Дарко Милиновиќ, силен поддржувач на забраната за пушењето, ги отфрли медиумските шпекулации дека владата ги направи овие измени на законот поради притисокот од еснафот на сопственици на кафулиња, чиј бизнис опадна за 75 отсто.

„И понатаму ќе работиме напорно на зачувување на здравјето на граѓаните и оваа одлука не беше донесена под никаков притисок“, рече Милиновиќ, додавајќи дека пушењето претставува сериозен проблем во Хрватска, бидејќи повеќе од 13.000 луѓе умираат годишно од болести поврзани со пушењето.

Еден на секои тројца Хрвати пуши.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар