ММФ и ЕУ ќе й дозволат на Романија да го зголеми буџетскиот дефицит

11/08/2009

Романија е во „сериозна рецесија“, објави ММФ во понеделникот, наведувајќи го економското намалување од 8,5 отсто оваа година.

(Aгерпрес, Nine O'clock - 11/08/09; Ројтерс, АП, АФП, Медиафакс, Агерпрес, Европска комисија - 10/08/09)

photo

Шефот на мисијата на ММФ во Романија, Џефри Френкс, во понеделникот (10-ти август) одржа прес-конференција во Букурешт. [Getty Images]

На Романија ќе й биде дозволен поголем буџетски дефицит оваа година и следната, за да се спречи влошување на нејзината економска ситуација, објавија ММФ и Европската комисија (ЕК) во понеделникот (10-ти август). Сепак, од државата ќе биде побарано да спроведе серија мерки, вклучително и намалување на трошоците и платите во јавниот сектор, за да не се зголеми празнината.

Пакетот за спас, предводен од ММФ, во висина од 20 милијарди евра, беше објавен за земјата во март, со цел да й се помогне во ублажувањето на последиците од финансиската криза. Во мај Фондот одобри двегодишен стенд-бај аранжман за Романија во висина од скоро 13 милијарди евра а ЕУ се согласи да учествува со други 5 милијарди евра финансиска помош, вклучително и заемите на Светската банка и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД).

Ако Букурешт водеше подобра економска политика на крајот од минатата година, нејзината позиција сега ќе беше подобра, рече во понеделникот Џефри Френкс, шеф на мисијата на ММФ во Романија.

Претставувајќи ги резултатите од првиот преглед на Фондот на резултатите на Романија од пакетот за спас, тој рече дека земјата може да очекува да се соочи со економско намалување од повеќе од 8 отсто оваа година, скок од 4,1 отсто што ги предвиде институцијата со седиште во Вашингтон во март.

ММФ, исто така, ги ревидираше своите проекции на буџетскиот дефицит за 2009 година -- од 4,6 отсто од БДП на почетокот од програмата на 7,3 отсто од БДП. Експертите на ЕК рекоа дека таа цифра ќе значи 7,8 отсто од БДП според пресметковните правила на ЕУ.

„Ова претставува многу сериозна рецесија со која се соочува Романија“, рече Френкс. „Романија не е во позиција да финансира ваков голем јавен дефицит“. Според него, актуелната ситуација е резултат на „поголемото од очекуваното“ влошување на ситуацијата и намалената домашна побарувачка во текот на првите две тримесечја од 2009 година.

Сепак, ММФ гледа шанси за пресврт во 2010 година, кога романската економија, најверојатно, ќе регистрира „среден позитивен раст“ од нешто меѓу 0,5 и 1 отсто од БДП.

Во соопштението на ЕК се вели дека е постигнат договор за понатамошни мерки што ќе загарантираат буџетски дефицит за 2010 година помал од 6 отсто од БДП, или 6,5 отсто според правилата на ЕУ. Тие ќе имаат цел, главно, да го намалат трошењето и големината на платите во јавниот сектор „но истовремено ќе им дадат приоритет на инвестициските проекти кофинансирани со средства на ЕУ“, објаснува ЕК.

Цитирајќи извори блиски на разговорите, романската новинска агенција Медиафакс објави дека запазувањето на горната граница на буџетската празнина за следната година ќе бара намалување од „2,5 отсто на структуралниот дефицит“, преку спроведување структурни реформи, вклучително и отпуштања во јавниот сектор.

Поврзани написи

Loading

Сепак, Френкс ги отфрли шпекулациите дека мисијата на ММФ побарала од романската влада да отпушти 150.000 или која било друга бројка државни службеници.

„ММФ дискутираше за буџетскиот дефицит и потребата од намалување на трошоците, но не сугерираше начини преку кои тоа би се направило“, се цитира неговата изјава.

Романија веќе доби 5 милијарди евра од својот стенд-бај аранжман со ММФ во висина од 13 милијарди евра. Фондот се очекува да обезбеди уште 1,9 милијарди евра во септември и други 1,5 милијарди евра во декември.

ЕУ й додели 1,5 милијарди евра на Романија во јули, прв дел од нејзиниот мултилатерален пакет помош во висина од 5 милијарди евра. Вториот дел се очекува да биде исплатен по новата оценка на ЕК во октомври.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар