ЕГЗИТ беше „чиста 10-ка“

31/07/2009

Оваа година на српскиот ЕГЗИТ настапија повеќе од 600 учесници и дојде публика од скоро 60 земји.

Од Саша Илиќ и Милена Петровиќ за Southeast European Times во Нови Сад -- 31/07/09

photo

Сцената Денс арена, беше една од најпопуларните на овогодинешниот фестивал ЕГЗИТ во Нови Сад, Србија. [Саша Илиќ и Милена Петровиќ]

Има неколку, ако воопшто и ги има, фестивали во светот кои почнале како политички изјави. Фестивалот ЕГЗИТ, кој за првпат се одржа во 2000 година како протест против режимот на Слободан Милошевиќ, се одржува секоја година во тврдина од 18-тиот век, на брегот од реката Дунав, каде што забавата трае до раните часови наутро.

Фестивалот, кој се одржа од 9-ти до 12-ти јули оваа година, привлече повеќе од 100.000 луѓе од скоро 60 земји на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, деветта година по ред. Четиридневниот фестивал вклучуваше 600 учесници од повеќе од 40 различни земји.

„[Очекуваме] да пристигнат гости од повеќе од 54 земји и очекуваме 20.000 до 25.000 посетители само од Велика Британија“, изјави шефот на фестивалот за јавните односи, Сагор Мешковиќ, за SETimes пред почетокот на фестивалот.

На главната сцена настапија групи како Меднес, Продиџи, Меник стрит причрс, Арктик манкис, Лили Ален, како и Пети Смит, Крафтворк, Моби и Корн.

Од преостанатите 27 сцени, посетителите поминаа поголем дел од своето време на Денс арената и Фјужн сцената. Меѓу изведувачите на овие две сцени беа: Ричи Хаутин, Етиен де Креси, Ерик Приц, Дарен Емерсон, Карл Кокс, Мекс Ромео, Базкокс и Мандо Диао.

Освен во музиката, публиката на ЕГЗИТ имаше можност да ужива и во најновите филмови со политичка тематика, и десетици трибини организирани од различни владини и невладини организации кои ја промовираат екологијата, борбата против сидата и европските вредности.

Една од главните грижи оваа година беше безбедноста. За таа цел, деловите пред најпопуларните сцени беа значително помали отколку во минатото и одвоени со огради. Друга грижа беше свинскиот грип. „Сите мерки што ги сугерираше Провинцискиот здравствен секретаријат беа земени предвид за да се намали влијанието на грипот Х1Н1. Обезбедивме доволна количина заштитни маски за лице и го зголемивме бројот на чешми со вода за пиење“, изјави главниот менаџер на ЕГЗИТ, Бојан Бошковиќ, за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Анкета на белградскиот весник Блиц покажа дека публиката смета оти најдобри настапи оваа година имаа Корн, Продиџи и Моби.

„Голема чест за мене е да настапам овде, на 10-годишнината од фестивалот. Колку што ми е познато, ова е единствениот фестивал кој произлезе од јавен протест и, затоа, ми е уште подраго што сум овде“, рече Моби за време на настанот.

Обожавателите беа, исто така, среќни. „ЕГЗИТ е европски состанок на кој можеме да се забавуваме и релаксираме на ритамот на музиката од целиот свет. Тоа е музички настан на кој не е добро да се спие“, рече Ани Педроно од Франција за SETimes.

„Овие четиридневни фестивалски денови се најдобрите денови во мојот живот. ЕГЗИТ е чиста 10-ка!“, рече Норвежанецот Оле Бамле.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар