29/07/2009
Диџеи и хип-хоп уметници од светска класа ќе настапат во дискотеката Максимус на црногорското крајбрежје.
Од Марина Рогановиќ за Southeast European Times во Подгорица -- 29/07/09
![]() Фестивалот Рифреш започнува в четврток. [фотографијата е добиена со љубезна согласност на фестивалот Рифреш] |
Љубителите на музиката и играњето се подготвуваат за отворањето на третиот по ред фестивал Рифреш в четврток (30-ти јули) во стариот дел на Котор.
Оваа година, главниот акцент ќе биде ставен на диџеј сцената во дискотеката Максимус, на која ќе настапат некои од најголемите имиња во техно и хаус музиката.
Светскипознатиот француски хаус диџеј и продуцент Боб Синклер ќе биде главната ѕвезда на овогодинешниот четиридневен фестивал, кој само што не испуштил бран ладна електронска денс музика низ вжештеното црногорско крајбрежје.
Истиот започнува со легендата на прогресивната хаус музика, англискиот диџеј и продуцент Стив Лоулер. Неговиот сонародник, Дарен Емерсон, ќе биде главен диџеј в сабота.
Шведскиот техно уметник Адам Баер ќе настапи помеѓу двата диџеи в петок.
„Свету, држи се“, кој се искачи на врвот на Билбордовата листа на клубска музика во 2006 година, беше повика на Боб Синклер за светски мир, но кога тој ќе ја испушти таа бомба в недела вечер, неговите обожаватели ќе експлодираат на подиумот.
Додека љубителите на техно музиката играат на вториот кат, хип-хоперите долу ќе скокаат на музиката на Еј Џеј Нигрутин и Скај Виклер, кои настапувале низ целиот регион.
Со акцент на хаус и техно музиката, Рифреш упати отворен повик за откривање нови диџеи. Од стотиците пријавени, четворица беа избрани да настапат пред главните ѕвезди.
„Многу сме горди на големиот број млади луѓе кои се јавија на отворениот повик. Имавме можност да видиме дека диџеј сцената во Црна Гора има многу млади и талентирани диџеи“, рече менаџерката на Медиа Марија Вујовиќ.
„Бев на Рифреш минатата година, така што едвај го чекам овогодинешниот настан. Знам дека ќе биде фантастично, одам со некои мои добри пријатели и ќе се забавуваме до зори“, рече жителот на Подгорица Марко (21).
„Ја сакам техно и хаус музиката! Ќе бидат на диџејската сцена за време на целиот фестивал. Навистина сум возбудена поради диџеите што ги донесоа оваа година“, рече 19-годишната Милена од Котор.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's