15/07/2009
Охрид нуди религија, историја, култура и ден на плажа.
Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје – 15/07/09 Фотографии на Томислав Георгиев
![]() Високата Самоилова тврдина е нешто што мора да се види во Охрид. |
Вгнезден на брегот од древното езерото и опколен со планини, Охрид е уникатно место за одмор.
Историчарот на уметност сер Херберт Рид, го нарече Охрид „мост на европската уметност“ помеѓу Византија и Ренесансата.
Многубројните посетители ги разгледуваат дваесеттината средновековни охридски цркви, восхитувајќи се на ремек-делата на архитектурата и фрескоживописот. Римскиот император Јустинијан ја воспоставил Охридската архиепископија или Justiniana Prima, со која Охрид станал настар духовен и книжевен центар.
Историските цркви -- Св. Јован Канео, Св. Софија и Св. Пантелејмон -- дефитивно вреди да се посетат за да се ѕирне во историјата и убавината.
Самоиловата тврдина, со своите импозантни ѕидови, е нешто што мора да се види. Многу охридски културни знаменитости се наоѓаат веднаш под тврдината. Античкиот амфитеатар е местото каде што секоја година се одржува фестивалот на театарот и музиката Охридско лето, и други настани.
![]() Историските охридски цркви се нешто што вреди да се види. |
Близу до центарот на градот се наоѓаат статуите на светците-заштитници на градот, Св. Климент и Св. Наум, кој е закопан во црква што го носи неговото име.
Но, можеби најпозната знаменитост е трикатната Куќа на Робеви, која претставува најдобар пример за македонската архитектура од 19-тиот век. Денес куќата е музеј, во кој се изложени македонски артефакти.
Благата континентална клима на регионот -- помеѓу 25 и 30 целзиусови степени -- привлекува посетители на охридските плажи. Плажите Градиште и Љубаништа се надвор од градот, но близу до градот се Метропол и Гранит.
Многу посетители избираат да се возат со брод по Охридското Езеро, кое е познато по својата вкусна пастрмка. Некои го истражуваат езерото барајќи слатководни бисери.
Големиот број ресторани нудат локални и меѓународни кулинарски специјалитети, од полнети лозови лисја до полупечени меса.
Охрид нуди и ноќен живот. Вечерта може да се започне во градските кафулиња или на Старата чаршија, а може да се заврши во некој од бројните клубови и дискотеки.
Секој ден има летови од Скопје -- и другите балкански главни градови -- до охридскиот аеродром Св. Павле, но многумина се одлучуваат за поживописно патување со автомобил или автобус.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's