Откривајќи ја албанската плажа Дримадес

07/07/2009

Чистата вода на Јонското Море и околните бели карпи ја прават оваа јужна албанска плажа убаво прибежиште за одмор.

Текст и фотографии на Сами Неза за Southeast European Times во Тирана -- 07/07/09

photo

Локален ресторан, со поглед на плажата, има богато мени со морска храна.

„Затворете ги очите и замислете дека сте среде зеленило од маслинки, дрвја со лимони и портокали и нивната ладовина, додека магијата на синото море се шири пред вашите очи; мирисот ви ги полни градите. Сега, отворете ги очите, вие сте на плажата Дримадес [дабово дрво]“, пишува во туристичка брошура.

Излегувајќи од Тирана во околу 8 часот изутрина, со автомобил се упатив кон Јонското Море.

По скоро два часа возење, застанав да наполнам гориво во Орикум, мал крајбрежен град во близина на Валона. Орикум, кој го добил името по античкиот град Oрикум кој се наоѓа во неговата периферија, бил многу важна воена база за Јулие Цезар и римската војска.

Напуштајќи го Орикум, се упатив кон Логара, национален парк кој се наоѓа на околу 1.100 метри надморска височина.

Од некои места во боровите шуми на Логара туристите можат да погледнат надолу кон прекрасното крајбрежје на Дерми и наизглед бескрајното сино море.

По околу три часа возење, застанав во селото Дерми, преполно со бели куќи и цитрусни грмушки.

photo

Брегот е опколен со мали куќарки.

Од Тирана до Дерми има автобуска линија, а цената на билетот е околу 7 евра. Јас потрошив околу 30 евра за возење, така што автобусот е поевтин начин на превоз.

Тивката плажа Дримадес е околу 5 километри долга и обично е прилично празна, дури и во екот на туристичката сезона. Крајј белите камења и дебелиот песок, морето е чисто. Брегот е опколен со мали куќарки и еден луксузен хотел, каде што ноќевањето чини околу 25 евра.

Локален ресторан, сместен во близина на куќарките, има разновидно мени со морска храна -- бас, октоподи, сипи и калмари.

Поврзани написи

Loading

Сопственикот на ресторанот, Лоренц Ѓукуриа, го долови духот на Дримадес со рецитирање на стара албанска поговорка „Близу до морето, близу до кралот“.

На плажата меѓу песокот и околните шуми има бар, изграден над стар комунистички бункер и соодветно наречен Егзотика. Пијалаците во барот знаат да се прилично скапи, околу шест евра.

Во ова одморалиште можат да се прават многу работи, како на пример, возење скутер на вода, парасејлинг и ловење риба.

За оние кои сакаат ноќен живот, има село недалеку оттука, на околу 3 километри, кое нуди голем број пабови и диска, и каде што посетителите на плажите се релаксираат до раните утрински часови.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар