02/07/2009
Атмосферата во српскиот банкарски сектор се вжештува, банкарите газат на тенок мраз.
Од Георги Митев Шантек за Southeast European Times во Белград – 02/07/09
![]() Последните банкарски кредити доаѓаат по повисока цена отколку што очекуваа клиентите. [Никокла Барбутов/SETimes] |
Србите што пополнуваат документација за кредит, отсега натаму, најверојатно, ќе мора да употребат лупа за да ги прочитаат малите бројки.
Последните каматни стапки за доделени кредити, поради високите банкарски маржи, се косат со добрата бизнис практика, објави Народната банка на Србија (НБС) на својата веб-страница во вторникот (30-ти јуни).
Банките го зголемија каматните стапки поради финансиската криза, со цел да загарантираат профит и покрај малиот обрт, потег кој доведе до тоа клиентите да се чувствуваат измамени.
Вообичаено е за банките е да ги оправдуваат повисоките каматни стапки со промената на Понудената стапка на Еуро Интербенк (Еурибор), просечна каматна стапка по која банките позајмуваат пари една на друга на европскиот пазар на пари.
Сепак, кога Еурибор девалвираше, српските банки не ги прилагодија зголемените стапки.
НБС доби многу поплаки во мај и јуни од клиентите кои се чувствуваат измамени од страна на банките кои нудат фиксни каматни стапки на кредитите, за потоа тие стапки да скокнат во недоглед.
Во некои случаи, стапките скокнаа од 0,5 на 3 отсто, голем скок за една земја чија месечна плата изнесува околу 300 евра, а стапката на невработеност скоро 16 отсто. Централната банка, Народната банка на Србија (НБС), испрати писмо до банките во кое бара да ги преиспитаат одредбите на нивните договори за кредит.
„[Ќе] направиме проценка за законитоста на генералните прописи на банките и [ќе изготвиме] локален закон кој ќе го регулира ова прашање во согласност со најдобрата светска практика“, се вели во изјавата на гувернерот на Централната банка Радован Јелашиќ.
„НБС смета дека банките треба да ги испитаат зголемувањата на каматните стапки на доделените заеми, особено оние воведени по 30-ти септември, и да ги направат потребните прилагодувања или да најдат заедничка основа со своите клиенти.“
НБС посочи неколку банки за неправично зголемување на стапките -- Алфа банка, Еуробанка ЕФГ и Пиреа, Прокредит банка, Рајфајзен, Ерсте банка и Хипо груп Алпе Адриа и домашната Универзал.
„Банките се преценија, давајќи долгорочни заеми врз основа на краткорочни депозити и кредити, и сега [се обидуваат] да се покријат со поголеми маржи. Ако не ги вратат маржите на договореното и клиентите сакаат да ги тужат, ние ќе им дадеме поддршка со правен совет“, рече Јелашиќ.
Некои банкари се претпазливи поради можноста од колективна тужба и велат дека планираат намалување на стапките во следниве месеци. Но, други стојат зад своите актуелни договори и веруваат дека евентуалната судска парница нема да држи вода.
Ѓорѓе Ѓукиќ, професор на Универзитетот во Белград, посочува на НБС. Тој истакнува дека иако има повеќе од 30 банки во земјата, сепак нема конкуренција во секторот.
„Ако Централната банка водеше повеќе грижа за тоа кој ќе добие дозвола и кога, просечната маржа во Србија немаше да биде 10 отсто“, рече Ѓукиќ, додавајќи дека Србија има највисоки каматни стапки во регионот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's