Не се очекува голем победник на бугарските избори

02/07/2009

Околу 60 отсто од гласачите се очекува да излезат на гласање на парламентарните избори в недела. Овие избори се очекува да го дадат најфрагментираниот законодавен дом во последниве 20 години.

(Разни извори -- 01/06/09 - 02/07/09)

photo

Минувач гледа во предизборен плакат во Софија во вторникот (30-ти јуни). [Getty Images]

Парламентарните избори в недела (5-ти јули) во Бугарија се очекува да ја дадат најрасцепканата влада од падот на комунизмот пред две децении.

Осум од 18 партии и коалиции регистрирани на изборите, најверојатно, ќе го надминат изборниот праг од 4 отсто за влез во следниот еднодомен парламент од 240 места, но ниту една нема да има чисто мнозинство, покажуваат анкетите.

Изборите ќе бидат први од 1989 година, на кои 31 од новите пратеници ќе бидат избрани преку мнозинско гласање, а преостанатите 209 со пропорционална застапеност.

Опозициската централно-десничарска партија Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) се очекува да освои најголем дел од пропорционалните гласови, само еден месец откако доби највеќе гласови за Европскиот парламент (ЕП).

Последните анкети покажуваат дека партијата, која ја формираше софискиот градоначалник Бојко Борисов на крајот од 2006 година, ќе освои меѓу 26 и 34 отсто од гласовите.

Две партии, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за правата и слободите (МРФ) на етничките Турци, следат по ГЕРБ во анкетите. Коалицијата за Бугарија, предводена од БСП се очекува да биде на второто место со меѓу 17 и 25 отсто од гласовите, пред МРФ со 9 до 15 отсто од гласовите, според анкетите.

Ултранационалистичката партија Атака (Напад) и десничарската Сина коалиција, исто така, се очекува да освојат места. Изборите в недела може да им помогнат на некои наводни криминалци да избегнат затворска казна ако бидат избрани.

Пламен Галев и Ангел Христов -- кои се познати како озлогласените „Браќа Галеви“ -- беа ослободени од затвор минатиот месец со кауција од по 25.000 евра за секој од нив, бидејќи двајцата беа регистрирани како кандидати за парламентот. Двајцата мафијашки „босови“ од југозападниот град Дупница се обвинети за организирање и контрола на криминална група, која наводно применувала заплашување, физичка сила и пронуда.

Уставот предвидува имунитет за сите официјални кандидати на изборите, кој тие го задржуваат до крајот на својот мандат.

Поврзани написи

Loading

Изборите ќе се одржат во време на јавно незадоволство поради несправувањето на владејачката коалиција со корупцијата и организираниот криминал, кое не само што му наштети на имиџот на Бугарија, туку и доведе до замрзнување на стотици милиони евра помош на ЕУ.

Наводното купување гласови ги нарушува изборите уште од првите избори за ЕП во Бугарија во 2007 година. Повеќе од 16 отсто од гласовите на минатомесечните избори за ЕП беа или купени или на друг начин „контролирани“, според бугарскиот социолог Антони Галабов.

Околу 60 отсто од 6,9 милиони регистрирани гласачи во земјата, најверојатно, ќе излезат на гласање в недела.

Изборите ќе ги следат бугарски организации, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) и ОБСЕ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар