Македонската мистериозна планина

01/07/2009

Со митовите што кружат за Солунска Глава и зелениот мраз скриен во пештерите, македонската планина Јакупица нуди многу награди за авантуристите-планинари.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 01/07/09 Фотографии на Дарко Андоновски

photo

Според легендата, можете да го видите Солун, во Грција, од 2.540 метри височина.

Врвот Солунска глава, највисоката точка на планината Јакупица во централна Македонија, изгледа како мешавина од зелениното на швајцарските Алпи и убавината на американските Карпести планини.

Според легендата, можете да го видите грчкиот пристанишен град Солун од врвот висок 2.540 метри. Во македонскиот јазик, името на градот е Солун, а името на планината е буквално „Солунска глава“.

Митот, со текот на годините, привлекува голем број планинари, моторциклисти, параглајдеристи и љубители на пешачењето.

„Овде сум шест месеци, но сé уште не сум го видел морето. Никогаш не се знае, има време“, рече чуварот на телекомуникациска станица.

Дури и ако планинарите не успеат да го видат до крај Егејскиот брег, има многу други глетки што го одземаат здивот, како што е совршено мазната карпа Нежилово. Урош Жупанчиќ прв ја искачи во 1936 година.

photo

Планинари, мотоциклисти, параглајдеристи и љубители на пешачењето, од Македонија и други земји, доаѓаат на Солунска глава.

Планинарите, исто така, велат дека кога е денот јасен, може да се види грчката планина Олимп и Вихрен во соседна Бугарија.

Малку подолу од врвот, на полето Бегово, има две пештери, во кои има зелен мраз и чудни инсекти.

Како што кажуваат овчарите на планините, диви волци, лисици, мечки и диви прасиња, исто така, талкаат во овие области. Рибарите тврдат дека речната пастрмка во водопадите на локалната река Кадина, по падините на планините Караџица и Китка, е најтешката риба за улов во земјата.

Љубителите на пешачењето кои сакаат да се искачат по планината Јакупица може да стигнат до Бегово поле и Солунска глава ако се качат по планинскиот пат јужно од главниот град на Македонија, Скопје, преку планините Китка и Караџица.

Поврзани написи

Loading

Од Солунска глава планинарите може да ја поминат ноќта во некој од камповите кои се наоѓаат на северната страна од планината.

Еден од овие кампови, Чеплес, се наоѓа на само неколку километри оддалеченост од врвот.

Камповите не се луксузни и чинат околу 2 евра на вечер -- мала цена што треба да се плати за да се слушне песната на птиците, да се дише свеж планински воздух и да се видат величенствени глетки.

Во текот на летото, Клубот на планинарски спортови Македон организира тридневно кампување за љубителите на пешачењето да ја доживеат македонската мистериозна планина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар