30/06/2009
Пејзажите, како и историјата, се подеднакво импресивни во бугарскиот средновековен главен град.
Од Светла Димитрова за Southeast European Times во Софија -- 30/06/09 Фотографии на Огњан Димитров
![]() Кралската палата, патријаршијата и многу мали цркви се наоѓаат во внатрешноста на тврдината Царевец. |
Едно топло неделно утро, тргнавме на пат за Велика Трново, кое е на околу 220 километри североисточно од Софија. Четиричасовното возење (со пауза за кафе од околу 30 минути на една бензинска пумпа покрај патот), беше пријатно изненадување.
Немаше многу сообраќај, а квалитетот на патиштата ги надмина нашите очекувања. Стигнавме во Велика Трново околу пладне.
Овој централен бугарски град, кој лежи на северните падини од Стара Планина, познати и како Балкански Планини, е еден од најстарите населени места во државата. Првите траги од луѓе во оваа област датираат од 3-тиот милениум п.н.е, многу пред воспоставувањето на бугарската држава во 681 година.
Распослано по ридовите на Трапезица, Царевица и Света Гора, низ кои се извива реката Јантра, Велико Трново е едно од најживописните места во Бугарија.
Градот стана главен град на Бугарија по востанието во 1185 година, предводено од болјарските браќа Асен и Петар, кое го одбележа крајот на скоро двовековното византиско владеење и почетокот на Второто бугарско царство (1187-1393 година).
Кралската палата -- некогашен дом на средновековните владетели на земјата -- партијаршијата и многу мали цркви се наоѓаат во тврдината. На најјужниот крај е т.н. Балдуинова кула, наречена според Балдуин од Фландрија, кој бил фатен од бугарскиот цар Калојан во битката против витезите на Четвртиот крстоносен поход во 1205 година.
Остатоците од ѕидините на тврдината, кулите, живеалиштата и јавните објекти беа откриени за време на ископувањата на ридот Трапезица. Некои историчари сметаат дека владетелите на Второто бугарско царство најпрво живееле на тој рид, пред да се преместат во Царевец, на спротивната страна од Јантра.
![]() Балдуинската кула стои на најјужниот крај од тврдината. |
Велика Трново импресионира со својата оригинална архитектура. Надвиснати една над друга, многу од куќите во Стариот град датираат од крајот на 18-тиот век и почетокот на 19-тиот век -- времето на бугарската обнова.
Црквата Четириесет маченици, изградена во 1230 година, и црквата Св. Петар и Павле, датираат од втората половина на 13-тиот век, и исто така вреди да се видат.
Велико Трново е еден од најважните градови во бугарската историја. Првиот устав на земјата -- познат како Трновски устав -- беше напишан таму во 1879 година, со доаѓањето на крајот на петте векови отоманско владеење. Кралот Фердинанд Први ја прогласи независноста на Бугарија таму во септември 1908 година.
Многу улици и тесни патеки во Стариот град се сé уште поплочени со калдрма. Тука е и историската Самоводска чаршија, со бројните занаетчиски дуќани.
Во Велико Трново се наоѓа и вториот по големина универзитет во Бугарија, со голем број студенти. Многуте кафулиња, ресторани и други гостилници нудат вкусна храна.
Нашето единствено разочарување беше тоа што го пропуштивме звучното и светлосно шоу во Царевец, кое се покажува на барање од група од 30 или повеќе луѓе. Ќе се вратиме за тоа!
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's