30/06/2009
Во одлуката од април, Европскиот суд на правдата им рече на земјите-членки на ЕУ дека визните ограничувања го кршат договорот од 1963 година.
Од Ајхам Шимшек за Southeast European Times -- 30/06/09
![]() Одлуката на ЕСП претставува „референтна одлука“ за другите земји-членки на ЕУ. [EСП] |
Турците долго време се обесхрабрени поради измачувачките и сложени визни процедури потребни за патување во земјите-членки на ЕУ. Европската комисија (ЕК) досега не изрази подготвеност за либерализација на визниот режим, поради големината на Турција и загриженоста кај некои земји-членки во врска со ризикот од масовна имиграција.
Сепак, неодамнешната одлука на највисокото правно тело на ЕУ, ја доведува во прашање оваа политика.
Во значајната одлука минатиот април, Европскиот суд на правдата й кажа на Германија да ги укине визите за турските државјани кои вршат услуги во Германија што биле започнати во Турција. Пресудата се однесува на случај покренат од турски возач на камион, кој ја тужеше Германија откако му беше одбиено барањето за виза.
Цитирајќи го Договорот за асоцијација на Турција од 1963 година со Европската економска заедница (ЕЕК) и Дополнителниот протокол од 1970 година, судот рече дека пресудата претставува „референтна одлука“ за другите земји-членки на ЕУ.
Договорот од 1963 година и протоколот што следеше, предвидуваат постепена интеграција на Турција во ЕЕК, со взаемно укинување на ограничувањата за движењето на услугите и производите. Според Дополнителниот протокол од 1970 година, страните не може да воведат никакви „нови ограничувања“ за слободата на услугите.
Германија не бара визи од Турција од 1973 година, кога протоколот влезе во сила, и затоа не е легално денес за Германија да бара визи од турските професионалци, одлучи судот.
Пресудата, исто така, важи за другите членки на ЕУ кои не бараа визи од Турците од 1973 година -- Франција, Белгија, Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Данска. Одлуката ги зголеми надежите во Турција, особено меѓу бизнисмените и студентите, кои долго време се соочуваа со визни проблеми при патување во земјите на ЕУ.
Сепак, досега Германија ја толкува одлуката на ЕСП на начин кој носи само ограничени измени во нејзината политика. Земјата вели дека единствено меѓународно признаени уметници, академици со извонредени квалификации и турски возачи на камиони и техничари кои мора да ја посетат Германија за техничка помош, се квалификуваат за безвизно патување.
„Би сакал да ги искористам моите основни права само со мојот пасош, [издаден] од земја која е на пат кон членството во ЕУ“, напиша Озгур, студент по информатика, на Интернет-петицијата која повикува на измена на визната регулатива.
Без оглед на пресудата на МСП, велат набљудувачите, единствен начин да се реши ова прашање е ЕК да започне преговори со Турција за нова рамка -- која ќе биде многу полесна за турските бизнисмени, професионалци и студенти кои патуваат во ЕУ.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's