29/06/2009
Сé што ви треба во Долината Ругова се некои добри пријатели и авантуристички дух.
Фотографии и текст на Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина -- 29/06/09
![]() Водопад блика во величенствената Долина Ругова. |
Преполните улици на Приштина знаат да се жешки и задушливи на летното сонце. Некои пријатели и јас сакавме да се одмориме од прометниот град, па се спакувавме и со автомобил се упативме кон убавата Долина Ругова.
Долината Ругова е оддалечено место во срцето на Дукаѓини, и е позната по своите величенствени Bjeshket e Nemuna, или Проколнати планини.
Стигнавме до градот Пеќ околу пладне и ја поминавме Патријаршијата, која е направена од серија капели кои ги чува КФОР.
На ова место се наоѓа колекција прекрасни фрески, но за да ги видите, треба да закажите претходно и да поминете низ обезбедувањето.
Продолживме, оставајќи ги зад себе ѕидовите на Патријаршијата, по тесна улица низ густата шума, навлегувајќи подлабоко во Долината.
Погледот станува измешан, како комбинација од различни векови на едно место: водопад кој тече низ планината; млади луѓе планинарат; автобус полн со луѓе кои говорат шпански; два мали шатори продаваат храна и пијалак; неколку луѓе лежат покрај реката Бистрица, други се на пикник или играат на брегот од реката.
Иако бевме заинтригирани од сето тоа, не можевме да останеме долго. Продолживме да се качуваме по планината.
![]() Долината Ругова е позната по своите Проколнати планини. |
На околу 900 метри над брегот од реката, дојдовме до одморалиште кое вклучува ресторан и бунгалови. Истото се нарекува камп Ругова и е изграден во 2000 година. Кампот на своето мени има домашно сирење, јогурт, флија, салати, меса и свежа пастрмка, која се лови локално.
„Пастрмката е единствената риба која може да преживее во студени води“, рече менаџерот Хаџи Бериша (30).
„Имаме многу странци од КФОР, ЕУЛЕКС и други ... тие ја сакаат нашата храна“, рече Бериша.
Ресторанот може да прими околу 700 луѓе.
Со полни стомаци, го напуштивме кампот Ругова и се упативме кон Drini I Bardhe (Белиот Дрим), кој тече низ селото Радавц.
Има мал ресторан и кафе-бар неречен Криедрини, на крајот од патот, кој е отворен само во текот на летните месеци и служи свежа вода од блискиот водопад.
Водопадот е на само неколку метри подолу, по тесниот пат од ресторанот. Каменестите, диви планини и водите кои течат низ нив ви го одземаат здивот. Водата е толку чиста што можете да ги видите камењата на дното.
Самракот полека се вовлекува, па одлучуваме да се вратиме дома. Додека се подготвуваме за враќање во раздвижениот град, го пуштаме ток-шоуто на Радио Дукаѓини.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's