Грција се доближува до безвизен режим со САД

29/06/2009

Договорите потпишани меѓу Атина и Вашингтон изминатиот викенд ја доближија Грција до американската Програма на безвизен режим.

(Разни извори -- 18/06/09-29/06/09)

photo

Договорите, исто така, служат како основен чекор кон зајакнувањето на билатералните односи, рече министерката за надворешни работи, Дора Бакојани. [OБСE]

Грците можеби наскоро ќе може да патуваат во САД без да мора да вадат виза. Земјата е сега чекор поблизу до пристапувањето во американската Програма за безвизен режим (ВВП), која моментно ги вклучува повеќето други земји на ЕУ.

Во неделата (29-ти јуни) министерката за надворешни работи Дора Бакојани и американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг потпишаа два договори со кои се отвора патот за вклучување. Договорите -- Меморандумот за разбирање и договорот за соработка во справувањето со сериозни кривични дела -- беа потпишани на маргините од министерската конференција на ОБСЕ на Крф.

Останаа само уште неколку чекори и некои административни дејства, за комплетирање на овој процес“, рече Стајнберг по состанокот со Бакојани, додавајќи дека очекува завршување во текот на следните пет месеци.

Грчкото Министерство за надворешни работи и американскиот Стејт департмент изготвија два текста кои предвидуваат реципрочна заштита на личните податоци и придржување кон правните процедури. Договорите, исто така, претставуваат основен чекор кон зајакнување на билатералните односи, рече Бакојани.

Таа додаде дека членството на Грција во ВВП ќе има позитивно влијание врз економската соработка помеѓу двете земји.

Овие напори добија поддршка од клучните поддржувачи во САД. „Силно верувам дека учеството на Грција [во програмата] ќе ја подобри нашата национална безбедност и ќе го унапреди нашето економско, културно, безбедносно и политичко партнерство со Грција“, рече конгресменот Роберт Векслер (Д-ФЛ).

Моментно сите, освен пет членки на ЕУ, учествуваат во ВВП. Покрај Грција, другите исклучоци се: Полска, Кипар, Романија и Бугарија.

Грците сметаат дека промената се чека долго време.

„Оваа промена ќе биде од полза за грчко-американските односи. Грците се многу гостољубиви и јас открив, патувајќи во САД, дека истото важи и за Американците. Ваквата промена ќе биде од корист за двете земји“, рече Аикатерини Пападопуло (73) за Southeast European Times.

Поврзани написи

Loading

Економистката Мариа Кара (27) посочи на проблемите во сегашниот процес. „Патувањето без виза во САД ќе биде многу позитивен чекор, бидејќи Грците ќе ја избегнат сета бирократија околу постапката и нивниот живот ќе биде полесен во тој поглед“, рече таа.

„Со оглед на тоа што Американците ја посетуваат Грција без виза, на ист начин и Грците треба да ги посетуваат САД без виза“, рече Танасис Спанопулос (36) од Атина.

Константинос Сукос, 34-годишен инструктор по физичко воспитување, искажа ист таков став, додавајќи: „Грција е членка на ЕУ и со оглед на тоа што членките на ЕУ патуваат без виза во САД, истото треба да важи и за Грците“.

Дописникот на SETimes Христос Рингас даде свој придонес во овој натпис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар