Нова динамика во разговорите за името на Македонија?

25/06/2009

Состанокот на ОБСЕ на Крф ќе биде можност за разговори меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, и претставникот на ОН Метју Нимиц вели дека е дојдено време процесот да оди напред. Сепак, и понатаму има сериозни пречки.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 25/06/09

photo

Maкедонија објави дека е подготвена да го реши својот спор со соседна Грција -- но не по цена на националниот идентитет. [EУ]

Посредникот назначен од ОН, Метју Нимиц, ќе ги посети Скопје и Атина од 6-ти до 9-ти јули, во рамките на напорите за изнаоѓање решение на долготрајниот спор околу името помеѓу Грција и нејзиниот северен сосед, Република Македонија.

Двете страни продолжија со разговорите оваа недела во Женева, по четиримесечен прекин. Разговорите беа подготовка за состаноците следниот месец, рече Нимиц, и не беше изнесен нов предлог.

Сепак, двете страни „изразија подготвеност за разговори и изнаоѓање решение“, рече претставникот. „Сега е вистинско време да се придвижи процесот на преговори“, додаде тој.

Во четвртокот (25-ти јуни) македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, рече дека гледа можност за нова динамика. На прес-конференцијата со словачкиот министер за надворешни работи во посета на земјата, Мирослав Лајчак, тој посочи дека престојната министерска конференција на ОБСЕ на Крф може да биде можност за поттикнување на дијалогот.

„Можни се нова динамика и темпо“, рече министерот за надворешни работи. Премиерот на државата, Никола Груевски, рече дека „сака работите да се движат во вистинската насока“.

Сепак, и покрај оптимистичкиот тон, остануваат основните камења на сопнување. Грција вели дека прифатливо име е само она кое би вклучилно географска определба, како на пример „северна“, и би било за меѓународна употреба.

Нејзиниот сосед, пак, вели дека земјите кои веќе ја нарекуваат „Република Македонија“ треба да продолжат да го прават тоа.

„Решението не смее да се наметнува врз земјите кои не признаа под нашето уставно име, а нивниот број е повеќе од 120“, рече македонскиот преговарач Зоран Јолевски. Секој договор, додаде тој, не смее да го компромитира ниту националниот идентитет, ниту да го прекрши уставот на Македонија.

Поврзани написи

Loading

Милошоски ја отфрли идејата за географска одредница како непотребна. Груевски, пак, рече дека договорот што ќе се постигне преку преговори, мора да биде ставен на референдум пред граѓаните.

Грција, во меѓувреме, продолжува со обвинувањата дека соседната земја има нефлексибилен пристап, и не е вистински посветена на решавањето на ова прашање.

Министерката за надворешни работи, Дора Бакојани, вели дека очекува „властите во Скопје да покажат поразличен политички пристап“, кој ќе биде ориентиран кон наоѓање взаемно прифатливо решение.

Таа потврди дека македонската влада побарала состанок меѓу нејзе и Милошовски за време на сесијата на ОБСЕ на Крф, и рече дека ќе се обиде да го договори.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар